Бебе

Оваа баба стана мета на критики откако побарала пари за да го чува внучето

Побарала од својата ќерка 15 долари на час за да го чува внукот

Една баба буквално го разлуте целиот свет откако и рекла на својата ќерка да и плаќа за тоа што го чува внучето.

Австралијанката вели дека го сака внукот, но е градинка. Поради чување на малечкиот, таа  мораше да престане да ја работи својата работа неколку дена во неделата, а за тоа и треба компензација

Имено бабата побарала од нејзината ќерка да и плаќа по 15  долари на час за да го чува нејзиниот едногодишен внук.

Како што објави  „Дејли меил“, младата мајка ја замолила мајка си да се грижи за нејзиниот син два до три дена во неделата.

“Побарав 15 долари на час. Таа ми понуди 10. Поради грижата за мојот внук, не можев да си ја работам својата работа, иако работам од дома. Јас не сум градинка. Ми требаат пари за да го чувам внукот, парите што можев да ги заработам додека го чувам мојот внук ги изгубив, запоставувајќи ја својата работа “, рече бабата.

Луѓето се поделени со своите коментари.

Некои ја нарекоа алчна, неразумна и нечувствителна.

 

„За да можете да наплаќате 15 долари на час, потребен ви е сертификат за воспитувач и прва помош“.

„Зошто жената не би наплатила ако се откаже од својата работа“, „Таа веќе се жртвува за своето дете, не мора за туѓо“, тврдат другите.

„Дали е нејзина обврска да работи бесплатно за да и помогне на својата ќерка?“, вели друг .

 

Ја не знам зошто бабата по дефиниција треба да го чува внукот? Зошто таа да се откаже од својата работа и д ане го живее својот живот? е уште еден коментар кој ја поддржува бабата.

Што мислите вие, дали е во право?

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close