Бебе
Има само две години, а нејзината мајка ја облекува во брендирана облека од 20.000 долари
Нејзината мајка не штеди кога е облеката во прашање
Таа е ѕвезда на Инстаграм, а има само две години
Анита Феликс од Калифорнија веќе е голема ѕвезда на Инстаграм иако има само две години.
Малата Анита е популарна на оваа социјална мрежа затоа што нејзината мајка Стела (27) ја облекува во облека вредна 20.000 долари.
Во плакарот на ова мало девојче 99 % од облеката е брендирана од најпознатите модни куќи како што се Гучи, Версаче, Живенши…
Нејзината мајка секојдневно споделува фотографии од бебето од кои можеме да ги видиме скапите дизајнерски парчиња што ги носи нејзината наследничка, но и моменти од нејзиниот луксузен бајковит живот.
Таа штом се роди почнав да ја облекувам во дизајнерска облека и мојот профил го претворив во нејзин. Знам дека многу луѓе не можат да си дозволат ваква облека а своите деца, но јас можам и сакам да и обезбедам само најдоброто, вели Стела, а пишува британскиот „Дејли Меил“.
Малата Анита живее во Лос Анџелес, а нејзината мајка претходно работела во трговскиот центар „Saks Fifth Avenue“.
Стела и нејзиниот сопруг, докторот Ешвин, неодамна добија и син кој мајката исто така го подготвува за слична „кариера“.
„Кога се роди Анита, почнав да објавувам месечно по една до две нејзини фотографии и многумина се заинтересираа за нив. Денес нејзините фотографии се популарни на Инстаграм, како и на Инстаграм страните на бутиците со дизајнерска облека за деца“, раскажува оваа кул мама.
„Некогаш сама ме бара да ја фотографирам, а некогаш не го сака тоа. Тоа зависи од нејзиното расположение, но дефинитивно може да позира како дива. Можеби некои мислат дека тоа е непотребно фрлање пари, но јас би сакала да можев да пораснам во дизајнерска облека и сега можам сама да одлучам што е најдобро за мене и моето дете“, додава Стела за „Дејли Мејл“.