Кафе муабет
Злата го издаде синот и ја потврди врската со Наташа Родиќ: Тој е како татко му, сака постари жени!
Јас ја обожавам Наташа, како и нејзините родители со кои долго време се дружам. Само нека се сакаат, јас ги поддржувам...
Последнава година се шпекулира дека помладиот син на пејачката Злата Петровиќ е во тајна врска со Наташа Родиќ сестрата на Бојана и Богдана Родиќ.
Пејачката уште еднаш ги коментираше тие медиумски написи и со нови изјави дополнително ги подгреа сомнежите дека сето тоа е вистина.
– Син ми ми забрани да зборувам за неговиот љубовен живот. Пресреќна сум каков избор на девојка и да направи. И јас ја обожавам Наташа, како и нејзините родители со кои долго време се дружам. Само нека се сакаат, јас ги поддржувам. Единствено што можам да кажам е дека историјата се повторува и дека гените се чудо. Се чини дека Јован ги зема од тато Пеја. Се знае дека јас сум постара од неговиот татко, како и Наташа од Јован – изјави Злата за врската на Јован и Наташа.
Инаку, пејачката неодамна откри каков однос има со поранешните сопрузи Хасан Дудиќ и Зоран Пејиќ Пеја.
– Злата и нејзините сопрузи се добро позната приказна која остана непроменета. Со двајцата имам одличен однос и така ќе остане додека сум жива – изјави Злата.
Инаку пред извесно време Злата Петровиќ ја шокираше јавноста со признанието дека некогаш била во врска со женети мажи.
– Сум била во врска со женети луѓе неколку пати, но ниту една жена не ме бркала. Затоа што, јас никогаш не сум била проблем за никого, не одев кај никого, дури и ги терав да си одат во своите куќи на време и така натаму и така натаму – рече Злата.
– Бев со еден оженет маж пет години. Бев добра љубовница, но бев внимателна човекот со кој што тајно се гледав да не го доведам до развод. Не сум љубоморна, така што не ми беше проблем да делам маж со друга жена. Никогаш не сум била со мажи поради профит, туку од задоволство. Не ми беше грижа дали некој е богат ако ми е убаво со него. Заработувам сама и имам доволно за себе. Не барав од никого да ми купува бунда и автомобили – изјави еднаш Злата Петровиќ за локалните медиуми.