Дом и семејство
“Заедничкото работење не е лесно, трпи нашиот приватен живот”- искрена исповед на Јована и Жељко Јоксимовиќ
Јована е преоптоварена со работа...
Јована и Жељко Јоксимовиќ важат за еден од најскладните парови на јавната сцена, а деловниот живот го делат веќе две години.
Жељко иако имал голема желба да ја донесе Јована на нивната телевизија, сега вели дека тоа не им е олеснителна околност. Јована истакнува дека во моменти на слабост најголема поддршка добивала од својот животен партнер.
-Жељко има верба во сите нас што сме овде, многу поголема отколку што имаме во себе, а тоа понекогаш е отежителна околност, бидејќи сакаш да објасниш дека не можеш да го направиш токму она што тој го мислеше. Мислеше дека треба да работам на утринска програма на кабловска телевизија, а јас мислев дека тоа нема да можам да го направам ако ја немам поддршката од големата телевизија зад мене и гледачите – почна Јована, а Жељко откри дали тешко е да се работи со брачен другар.
– Не беше лесно, гледачите се тука или не, но неа да ја донесам… Мислев дека е супер, но во последно време колку има работа, ако сум искрен, баш и не ми се допаѓа, но што може јас да правам, така избравме и сега се движиме на тоа поле – беше искрен пејачот, а Јована продолжи:
– Кога правиш нешто што е твое, имаш многу поголема одговорност и затоа имаш повеќе работа. Можеби бев помалку зафатена на претходните телевизии, па сега приватниот живот ни трпи. Ние сме исклучително горди и во време кога пред две години кабелската телевизија беше третирана како неважна, се осмеливме да направиме сопствена продукција. Успеавме да собереме луѓе кои размислуваат поинаку и веруваат дека ќе растат.
И покрај богатата кариера, водителката сè уште има неостварени соништа во бизнисот.
– Сонувам соништа и мислам дека никогаш не ми е доста од нив. Мислам дека секој од нас има момент кога сака да застане на линија и да измери колку вреди, а мислам дека јас го направив тоа. Ме радува тоа и нема причина да работам на друго место – вели Јована, која сега ги буди гледачите на телевизијата К1.
Јована истакна дека неколку пати сакала да го угости својот сопруг, како што имала можност додека работела на телевизија Пинк, а тој неколку пати досега ја одбивал.
– Знаете колку пати го викнав, се надевам дека ќе се согласи – низ смеа рече водителката, не сметајќи ја специјалната утринска програма за Новата 2020 година, кога Жељко само дојде да отпее една песна.
Да потсетиме, Јована е во брак со Жељко Јоксимовиќ 9 години, а годшнината ја прославија во јануари.
Шармантната водителка го роди синот Коста во април 2014 година, а во октомври 2017 година ги роди близнаците Ана и Срна.
Инаку Жељко има уште една ќерка од првиот брак со сопругата Весна. Мина е миленичка на тато и многумина велат дека убавината ја наследила од него.
Во јавноста постојано се шпекулираше за односот помеѓу Мина Јоксимовиќ и сегашната сопруга на Жељко, Јована, а водителката сега реши еднаш засекогаш да стави крај на претпоставките и шпекулациите.
Таа гостувајќи во емисијата „Од профил“ искрено проговори за својата врска со Мина која сега живее со нив.
– Не можам да и бидам другарка на Мина, не можам да бидам ниту нејзина мајка. Можам да бидам нејзин пријател и некој кој, што и да и треба во животот, секогаш ќе биде тука за неа. Луѓето страшно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители – прекрасна мајка и прекрасен татко. Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Исто како што ја има таа топлина во куќата на нејзината мајка, ја има и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но таа не е тука – рече Јована во споменатата емисија.