Дом и семејство

Жика Јакшиќ ја донесе русокосата убавица дома: Еве како се согласуваат со постариот син Андрија- ова никој не го очекуваше

Дајана има само пофалби за Андрија...

Поранешната сопруга на Жика Јакшиќ, Дајана Пауновиќ не зборува често за приватниот живот, разводот и други детали но секогаш кога ќе се спомене постариот син на Жика Андрија, таа има што да каже.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Имено, и покрај разводот на Дајана и Жика тие се во контакт секојдневно поради синот Душан.

Тие останаа во коректни односи, а таа откри каков однос има со братот на нејзиното единствено дете.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстагра

– Андрија е прекрасен, млад човек, воспитан, образован, кој го обожава Душан исто колку што и тој го обожава него. Сакам што се имаат, што се почитуваат и сакаат и што Душан иако е мал никогаш не го гледал Андрија како некој што не е дел од неговиот живот и покрај тоа што не живеел во Србија со години и не е секој ден присутен поради работа. Мило ми е што мојот син има брат на кој знам дека секогаш може да се потпре и дека ќе му биде потпора цел живот – раскажа Дајана Пауновиќ за Стори и така откри што мисли за постариот син на Жика Јакшиќ, со кој има одлични односи и по развод од татко му и додаде:

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

-Го ценам и почитувам Андрија исклучително многу, тој е брат на мојот син, но и да не е ја заслужува сета почит затоа што е квалитетна личност – заклучи таа.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Иако атрактивната русокоса го направи емотивниот живот на Жика Јакшиќ уште поинтересен и побогат, за жал, како и првиот брак на Јакшиќ и вториот заврши неславно, а причината за тоа беше непозната за медиумите за долго време.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Неуспехот на Жика кога се во прашање браковите, претходно му се припишуваше на се уште ергенскиот начин на живот на водителот, вечерните излегувања, отсуството од дома, но очигледно нешто друго беше во игра за што тој самиот неодамна зборуваше.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Познатиот продуцент и водител не крие дека не е за живот во двајца и затоа нема намера повторно да стапне на „лудиот камен“.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

„Двата пати решив дека сакам развод. Не беше лесно да се донесе таа одлука, ниту пак ја донесов во афект. Човек прво мора да се бори за да го спаси бракот, но кога ќе види дека не може, треба да пресече. Кога престанав да се чувствувам добро во моите бракови, излегов од нив. Не сакам да звучам како да барам изговори, но навистина беше најдобро за сите. Ако е некаква утеха, јас сум во супер односи со двете бивши сопруги, се надминавме цивилизирано“, изјави Жика и истакна дека синовите секогаш биле на прво место.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

“Во разводите не треба да барате некого за да обвинувате, туку прифатите дека има луѓе кои се или не се еден за друг. Секогаш редовно се гледав со моите синови, бидејќи и двете мои поранешни сопруги се разумни. Ние децата секогаш ги ставаме на пиедестал и се мораше да биде во интерес на моите синови Душан и Андрија кои се обожаваат и имаат феноменален братски однос“, вели водителот кој за „Хит“ признава дека не е семеен човек.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

„Не сакам да сум на едно место, љубопитен сум и сакам сам да носам одлуки за мојот живот. По некое време не се чувствувам слободен во бракот, туку ме гуши и веројатно затоа има несогласувања. Можам да побегнам од секого, многу сум брз, но не можам од сам себе… Затоа не помислувам повторно да се женам. Се остварив и како сопруг и како татко , двапати. За мене секој нареден брак би бил свесен ризик. Ова за мене е одлично. Имам две деца, пријатели, работа што ја сакам и феноменална средина“, изјави Јакшиќ.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close