Дом и семејство

ФЕНГ ШУИ ПРАВИЛО КОЕ ПРИВЛЕКУВА БОГАТСТВО: Ова никогаш не треба да го чувате во вашиот паричник!

Научете како да ги превлекувате парите во домот...

Според концептот на фенг шуи, секој предмет носи одредена симболика, па доколку сакате да ја подобрите финансиската состојба важна е бојата, но и материјалот на паричникот што го купувате.

фото илустрација

Паричникот што го користите мора да биде само ваш и се препорачува никогаш да не купувате користен паричник затоа што не знаете каква енергија поседувала личноста која претходно го носела.

фото илустрација

Исто така, паричникот најдобро е сами да го купите, а ако некој ви го даде, важно е да не е празен. Никогаш не купувајте паричник од вистинска кожа бидејќи ќе внесе негативност во вашиот живот, велат експертите за фенг шуи.

фото илустрација

За да привлечете пари, важно е често да го отворате паричникот, а можете да го чувате во спалната соба или на работната маса.

фото илустрација

Никогаш не носете сметки во вашиот паричник, дури ни оние што сте ги платиле бидејќи тоа ја влече енергијата на трошењето во вашиот живот и постојано ќе треба да давате пари за нешто. Во паричникот има место само за пари и банкарски картички.

фото Илустрација

Експертите од оваа област предупредуваат дека е добро секогаш да имате повеќе пари во паричникот отколку што ви требаат, бидејќи тоа бара добра финансиска состојба. Погрижете се банкнотите да бидат секогаш убаво наредени, а не стуткани.

Се препорачува да изберете црни и зелени паричници бидејќи носат успех и напредок.

фото илустрација

Наместо пари, привлекувате сиромаштија: Еве која грешка ја правите!

Фенг шуи филозофијата за уредување на домот е позната од одамна, а се’ повеќе луѓе денес веруваат во енергијата која владее во куќата, а притоа се убедени дека таа значително влијае на квалитетот на животот и среќата.

фото илустрација

Оваа древна кинеска вештина за уредување на домот не’ учи како треба да ја декорираме секоја просторија, каде треба да чуваме одредени предмети, а каде не, а не’ учи и каде да ги чуваме парите за да се размножат и да ни дадат финансиски просперитет. Спротивно на сите можни претпоставки, Фенг шуи вели дека идеално и единствено дозволено место за чување на парите е кујната.

фото илустрација

Фенг шуи експертите велат дека оваа просторија има многу позитивна аура, но дека во неа мора да внимавате со декорацијата. Имено, пожелно е во близина на местото каде што ги чувате парите во кујната да ставите и некој симбол за пари, како фигура на слон, но ако претерате со бројот на предмети, може да предизвикате контраефект, односно да привлечете сиромаштија наместо пари.

фото илустрација

Внимавајте сите теглички и кујнски апарати да ги држите во шкафчиња или во остава – никако низ целата кујна, затоа што секој детаљ кој е вишок, дополнително ја блокира енергијата за пари.

фото илустрација

Фенг шуи нема да ви донесе богатство доколку вие не се стремите кон тоа, ама Фенг шуи ќе ви помагне да создадете средина, и дома и во вашата канцеларија, која ве зајакнува и ви помогне да привлечете богатство.

фото илустрација

Фенг Шуи совети со кои можете да се збогатите преку ноќ

Ако се борите со финансиите и притоа верувате во Фенг Шуи филозофијата, тогаш можете да промените некои работи во вашиот дом и да привлечете повеќе богатство.

фото илустрација

Ослободете се од нередот

Имате многу непотребни работи во домот? Ослободете се од нив што поскоро.

Детоксикација на домот

Наместо хемиски производи, за чистење користете производи на природна база, а овој премин ќе ви додаде динамична енергија во вашиот дом. Постојат многу рецепти за чистење со помош на лимон, оцет, сода бикарбона.

фото Илустрација

Користете ја својата кујна

Кујните се древен симбол на успех. Сфатете дека сте среќни ако можете да се храните добро и користете ја кујната со голема благодарност.

Радосно примајте луѓе во вашиот дом

Погрижете се да имате добар простор за доаѓање на гости. Додајте малку црвена боја (црвено цвеќе, црвена перница…), па со ова привлечете попозитивни луѓе.

Давајте повеќе

Колку повеќе давате, толку повеќе имате. Во Фенг Шуи, сочувствувањето е во директен оснос со благостостојбата. Најдете начини како повеќе да им давате на своите соседи и блиски. И вашето време е нешто драгоцено

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close