Дом и семејство

Анабела прв пат прозборе за загубата на внучето и откри како се чувствува Луна- откри детали кои не ги знаевме

Целото семејство тагува...

Луна Џогани минатиов период мина низ пекол откако го загуби своето дете во третиот месец од бременоста.

фото инстаграм/Луна Џогани

Дека овој немил настан го погоди целото семејство, откри и мајката на Луна, познатата пејачка Анабела Атијас која за прв пат проговори за тешкиот период низ кој поминаа таа и нејзиното семејство.

фото инстаграм/Луна Џогани

Луна Џогани неодамна го загуби своето бебе, а како што истакна нејзината мајка Анабела, сето тоа го издржала на нозе.

фото инстаграм/Анабела Атијас

– Луна се опорави по она што и се случи. Нормално е дека ја потресе сето ова. Луна со сите сили ја издржа загубата на бебето – истакна Анабела.

фото инстаграм/Анабела Атијас

Таа откри дека Луна и Марко планираат да го прошират семејството, но дека не знае што има во нејзината глава и какви планови има.

фото принтскрин

– Сигурно има планови да го прошири семејството. Не знам што има сега во нејзината глава, но ниту ова не го планираше. Таа не е тип што планира. По настапите, едвај чекам да се вратам дома. Денеска ќе одвојам малку време за себе, а потоа ќе ја видам внуката. Малата Миа е прекрасно дете, не ја разгаливме – изјавила Анабела за „Блиц“.

фото инстаграм/Анабела Атијас

Да потсетиме, Луна и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ на својот канал на Јутјуб ја објавија тажната вест и ги открија деталите.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Направивме се во 2021 година, а 2022 дојде да ни пркоси, да ни каже дека ништо не е идеално – изјави Миљковиќ.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Оваа бременост ја загубивме по 12 недели. Дознавме неколку дена претходно, не сакавме веднаш да откриваме, нека помине малку време. Така требаше, ми помина некој вирус, така рече докторот, фетусот беше многу мал, жените што го поминале тоа знаат. Што и да се случи со мајката влијае на плодот, не бев добро, не знаев дека сум бремена кога отидов во Америка. Срцето престана да чука, фала богу, добро е што беше рано, пред да се формира – истакна Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Можеби требаше да молчиме. Кога Господ повторно ќе не погледне, следниот пат ќе објавиме, но само кога ќе бидеме сигурни дека се е во ред – рече Марко.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Јас и Луна сме добро, ќе го поминеме ова! – изјави Миљковиќ по загубата на бебето.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Го оставивме Бог да одлучи. Реков дека ќе биде како што треба да биде – рече тогаш Луна.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close