Кафе муабет
ЕЛМА СИНАНОВИЌ ГО СМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС! Ќе се шокирате кога ќе ја видите: Не личиш на себе, се дел од коментарите!
Претера со промената...
Последната објава на пејачката Елма Синановиќ предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Имено, Елма очигледно се заигра во Фотошоп, и отиде предалеку поради што доби и низа критики.
Како што може да се забележи на фотографијата која ја објави на својот официлајен Инстаграм профил Елма направила промена на усните, јаболчниците, носот…
Коментарите за нејзиниот изглед се нижеа, а многумина велат дека пејачката не личи на себе.
„Веќе не личиш на себе“, „Елма ти ли си“, „Зошто толку вештачко, убава жена беше“, беа коментарите.
„Ова не ми е Елма Синановиќ“, „Која е на сликата“, „Ова не е Елма“, се само дел од коментарите по кои пејачката не се огласи.
Дали Елма го следи трендот за разубавување и отишла под нож или пак ги уредувала фотографиите останува да видиме.
Во една прилика 47 годишната Елма истакна дека се омажила за богат сопруг а поради тоа не морала ниту да работи.
-Никогаш не пеев во кафана и не пеев за хонорар, се омажив за богат сопруг и потоа добив се на тацна. Им се извинувам на сите што работеа, но јас не, а сега добивам многу убав хонорар. Им благодарам на сите што мислат дека вредам и што плаќаат за мене– изјавила Елма која во една прилика откри и дека ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, ја сака нејзината музика.
– Анастасија ги сака сите мои стари песни кои не ги ни форсирам на моите изведби, сите се убави балади, што покажува дека Анастасија има феноменален вкус – изјави пејачката.
Инаку Елма Синановиќ беше актуелна и поради тужбата која ја поднела против некогашниот сопственик на „ Гранд“, Саша Поповиќ. Таа го тужела за долг од 2000та година.
Елма Синановиќ наводно поднела кривичната пријава против Поповиќ за дело кражба и затајување данок.
„Откако обвинителството ја одби пријавата, Елма поднесе жалба. Обвинителството ја прифати жалбата и се бара од директорот на Гранд да достави додатни податоци за данок“.
Според она што таа го кажува Поповиќ и должи 30.000 марки.
Нејзините хитови како што се “Gradske priče”, “Čarobno čarobno”, “Nije vjetar nije kiša”, “Ah tugo” публиката и ден денеска ги пее во еден глас на забаваите и свадбите.
Својата кариера Елма ја започна во далечната 1993 година кога победи на натпреварувањето на пејачките аматери. Набрзо по 1994 година во соработка со Слободан Бобан Николиќ го издаде својот прв албум под името „Елма“.
По првиот албум, Елма се омажи за новопазарскиот бизнисмен Смаил Синановиќ со кого во 1997 година ја доби ќерката Хулија.
До ден денеска и се објавени осум албуми, а последниот е насловен „Nešto lično” објавен во 2018 година и наиде на позитивни критики.
Тоа што оваа пејачка се разликува од многуте колеги е тоа дека никогаш не била во центарот на естрадните скандали.