Кафе муабет

Еве од кого Жељко Јоксимовиќ го наследил својот шарм – ова се неговите родители!

Мина ги покажа своите баба и дедо...

Пејачот Жељко Јоксимовиќ ja прослави куќната слава Свети Никола, а по тој повод целото семејство се собра во неговата куќа.

фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

Имено, неговата ќерка Мина која ја доби од првиот брак со Весна, со своите следбеници на својот Инстаграм профил ја сподели атмосферата од домот во кој сите се насмеани и расположени.

фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

Освен фотографијата со нејзиниот татко, Мина Јоксимовиќ ги објави и бабата и дедото, родителите на пејачот,  а многумина коментираа дека Жељко личи на неговата мајка.

фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ

На една од сликите се гледа братот на пејачот, актерот Саша Јоксимовиќ, а може да се забележи и дека сите заедно уживале во семејната атмосфера и богатата трпеза.

фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ

Инаку неодамна во медиумите на големо се пишуваше дека Жељко и неговиот брат Саша не се во добро односи, па дури и имаше написи во кои се тврдеше дека актерот се откажува од својот брат.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

На овие гласини остро реагираше Саша Јоксимовиќ, додека Жељко до сега во ниту една прилика не зборувал јавно за односот со семејството.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Морам да ви признаам дека сум длабоко разочаран од тоа што некој помислил и напишал дека сака да се откаже од својот брат и сакам да престанам да соработувам со медиумите. Не ја прекинувам соработката со медиумите, раскинувам со поединци и никогаш не се откажувам, особено од мојот роден брат. Само не сакам луѓето повеќе да ми се обраќаат како негов брат, не затоа што се одрекувам од него или се срамам од тоа, туку мислам дека сум постигнал доволно во животот и кариерата, да знаат кој е Саша Јоксимовиќ. За мене е неверојатна помислата дека некои луѓе мислеа дека сакам да се откажам од брат ми. Го објаснив моето размислување и се надевам дека луѓето ќе го почитуваат тоа во иднина, бидејќи од почетокот на мојата кариера бев некој кој имав одлична соработка и медиумска поддршка – изјави Саша за Србија Данас.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

На прашањето во каков однос е со неговиот брат, Јоксимовиќ рече:

– Во одлично. Ние двајца никогаш не сме биле во лоши односи и секогаш сме се поддржувале. Нашето семејство отсекогаш било свето. Така не учеа и воспитаа – призна Саша.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

За потсетување, Саша Јоксимовиќ, е во брак со продуцентката Невена Јоксимовиќ со која го има синот Илија.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Невена одвреме-навреме има забелешки за односот со членовите на семејството на нејзиниот сопруг, поради што и често се пишува за односите кои владеат во семејството Јоксимовиќ.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Имено, во една прилика гостувајќи во емисијата „Магазин ин“, Невена изјавила дека одлично се сложува со својата свекрва, а ја открила и тајната на успешната врска:

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Тајната на успехот не е да живееш во заедница – низ насмевка изјави сопругата на Саша Јоксимовиќ.
Невена тогаш открила дека нејзините родители почесто се грижат за нивниот син Илија отколку родителите на Саша.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Моите родители почесто се грижат за Илија отколку родителите на Саша. И мислам дека родителите на женско дете секогаш повеќе помагаат, бидејќи имаат повеќе чувства, односно му помагаат на своето дете. Моите родители ми помагаат на мене, а и родителите на Саша мислат дека ми помагаат мене.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Саша во една прилика откри дека имаат добри односи со семејството бидејќи не дозволува никој да се меша во неговиот и животот на Невена.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close