Кафе муабет

Се обидоа да го сокријат ова од сите: Адвокатите на Јелена и Душко седум часа го делеле имотот- ова се деталите за кои разговарале во тајност

Имаат големо богатство...

Разводот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е главна тема која со денови ја интригира јавноста а бидејќи Јелена за тоа проговори само еднаш, додека Душко реши да не коментира, деновиве најпребарувани поими на Гугл се дефинитивно Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ – поделбата на имотот, деталите за развод и помирувањето.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

За овие детали сопружниците се уште не ја информирале јавноста, а како што сега пишува „Стар“, не ни разговарале за деталите од разводот, туку договорите им ги препуштиле на адвокатите.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Според тврдењата на споменатиот медиум, адвокатите се сретнале минатата недела и иако не биле присутни Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, распределбата на имотот била тема на разговор меѓу адвокатите цели седум часа.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Како што открива извор близок на парот, адвокатот на Карлеуша побарал таа и нејзините деца да останат во вилата на Дедиње, која ја купиле пред три години од Драган Стојковиќ Пикси.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

-Јелена и Душко тие денови не се виделе, ниту пак преговарале за поделба на имотот. Нивните адвокати се сретнаа, а 7 часа преговараа што ќе оди кај кого по разводот. Кога двајцата се венчаа, во 2008 година, Душко немаше недвижен имот на негово име, дури ни куќата во Орловат не беше на негово име, додека Јелена имаше куќа во Земун и стан во Нов Белград. Вилата која ја купија пред три години останува кај Јелена и нејзините деца, а преку договор за подарок ќе им биде префрлена на ќерките. Во меѓувреме Душко купи уште два стана во Белград кои ќе ги задржи. Се уште е спорно колку Душко ќе плаќа за алиментација, па нивните адвокати договорија уште една средба. Старателството ќе им припадне и на Јелена и на Душко, така што ќерките секогаш ќе можат да го гледаат својот татко, но ќе останат да живеат со мајка им, што беше нивна одлука – открива изворот и додава:

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Во текот на четиринаесетте години од бракот двајцата се стекнале со сериозно богатство, па имотот се проценува на неколку милиони евра. На средбата нивните адвокати решија и договорија поголем дел, но сепак ќе се сретнат уште еднаш, откако секој од нив ќе разговара со својот клиент.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Јелена веднаш по првиот договор со ќерките замина на море и му нагласи на својот адвокат дека за останатите детали ќе зборува кога ќе се врати, бидејќи сега сака да се посвети на своите ќерки на кои не им е лесно бидејќи нивните родители се разведуваат.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Со оглед на тоа што се уште не објавија ништо за ова, единствено познато е дека Душко и Јелена се обидуваат да ги натераат девојките да ја поминат оваа криза што побезболно, додека за деталите од разводот ќе слушнеме дури кога ќе решат да прозборат за тоа јавно.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Нашла писмо пред разводот…

Пејачката пред неколку дена објави дека по 14 години брак се разведува од сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ. По објавата таа замина на одмор во Турција заедно со своите миленички Атина и Ника.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период, напиша Карлеуша во својата објава на Инстаграм.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сепак, како и да изгледа на Инстаграм, Јелена фактот дека бракот дошол до распад не го пребродила лесно.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Во пресрет на 5 јули, кога официјално призна дека бракот и овојпат не функционира, ЈК во раце држела писмо кое и дало неверојатна сила.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

-Мамо, ти си ми се во мојот живот, те сакам многу и не можам да живеам без тебе!, е пораката на тринаесетгодишната Атина упатена до нејзината сакана мајка.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Како што откри пејачката во соопштение за медиумите, таа го има старателството над децата, а целиот брачен имот им е пренесен на нивните две ќерки.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Сите договори се склучени без одложување, а Тошиќ, бидејќи е многу приврзан за ќерките, ќе може да ги гледа секогаш кога ќе има можност, со оглед на тоа што поголемиот дел од времето поради работата го поминува во Турција, пренесуваат медиумите.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

За разлика од бројните други познати парови кои за време и по разводот имаа само лоши зборови еден за друг, Јелена и Душко минуваат низ тежок период на многу цивилизиран, пристоен и коректен начин.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close