Кафе муабет

Еве зошто оваа Македонка беше хит во цела Југославија – ја обожаваа сите, од Шутка до Словенија

Погледнете што прави и како изгледа денес Азра од „Дом за бeceњe“

Многумина денес не би ја препознале Азра

Кога се појави во култниот филм на генијалниот режисер Емир Кустурица, „Дом за бeceњe“, пред 30 и кусур години, никој не можеше да претпостави дека тогаш нашата млада актерка, Синоличка Трпкова ќе предизвика толкаво воодушевување на публиката како кај нас, така и во целиот свет.

Тажната љубовна приказна на Азра и Перхан го освои целиот Балкан, а сцените од овој филм во кој покрај Синоличка се појавува и Давор Дујмовиќ ја одбележаа југословенската кинематографија.

Во врска со својата најголема улога во животот, Синоличка Трпкова во една пригода ќе изјави:

„Кустурица за фати за мојот физички изглед, му одговараше едно наивно и младолико лице, што во суштина, немаше никаква врска со мене. Затоа и ми беше тешко да ја одиграм. Навистина најдов некои сличности помеѓу нас двете, но наместо да ми помогнат, само ми одмогнаа“.

Фото: Принтскрин

Синоличка пред југословенската публика се претстави најпрво со филмот „Среќна Нова 49“ каде имаше епизодна улога.

Бора Тодоровиќ, Давор Дујмовиќ,Синоличка Трпкова,Љубица Аџовиќ и Емир Кустурица на една од канските плажи, 1988 година.

Таа тогаш имаше само 21 година, а потоа следуваа неколку улоги во серии и на театарската сцена, за да дојде редот и на култниот филм на Кутурица, „Дом за бeceње“, во кој ја играше невината и кротка Азра.

Фото: Принтскрин

Љубовната приказна на Перхан и Азра се снимаше во 1988 година, пред повеќе од три децении.

Бора Тодоровиќ, Синоличка Трпкова, Емир Кустурица, Давор Дујмовиќ и Љубица Аџовиќ во Кан 1988.

Што се однесува до нејзината улога во овој филм, таа во интервју за босанските медиуми во една пригода изјави.

„Бев можеби не прва, но меѓу првите македонски актерки што се coблекле, што беше страшно во тоа време во нашето друштво. Но најлошо е што денес е уште пострашно, ние се враќаме назад. Ние тогаш го трасиравме патот и отворавме нешто што требаше да биде патека на големото уметничко творештво во Југославија, а излезе дека тоа беше точка на крајот на југословенската кинематографија“, изјави тогаш Синоличка.

Филмот остави голема трага во историјата на југословенската кинематографија. И не само заради фактот што освои награда за режија на престижниот фестивал во Кан во 1989 година, туку и заради тажната љубовна приказна помеѓу Перхан и Азра, која и денес се наведува како пример за една голема и искрена, но несреќна љубов. За жал нејзиниот колега од филмот, Давор Дујмовиќ, кој го памтиме по култната улога на нејзиниот партнер во филмот, Перхан, својот живот ќе го заврши со caмoyбиcтвo, нешто што силно ќе ја погоди нашата позната актерка.

Фото: Принтскрин

Едерлези

Култната сцена од ѓурѓовденското бањање се снимаше во Вардар, во близина на Велес. Како што самата Синоличка во една пригода, интервју за босанскиот магазин Азра изјави, сцената е снимена на самиот крај од летото и на почетокот од есента. Било студено, и до половина имале облека за нуркачки, во која низ црева им дотурале вода за да се загреат, бидејќи сцените се снимале долго време, а тие цело време речиси и да не излегувале од водата.

„Всушност, филмот е таква превара, хахаха“ изјави тогаш таа присеќавајќи се на деновите кога го снимале филмот.

Синоличка денес има 54 години и живее во Скопје. Нејзиниот сопруг е од Холандија и со него има две деца,  Ќерката Леона и син Меглен.

Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова

Таа денес работи како професорка на Драмскиот факултет во Скопје, а мошне активна е и на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин

Таа на својот профил на Фејсбук редовно споделува интересни коментари, поврзани со актуелните случувања.

Некои од нив прочитајте во продолжение.

„Стравот од корона е втора пандемија. Стигмата за болеста е трета. Невербата во корона – четврта. Светот се соочува со четири пандемии. Овие три се ветер во грб на коронската. Има многу луѓе коишто не се на буџет и кои мораат да бараат работа зашто се без ебан денар со месеци и го ризикуваат својот живот и животот на најблиските за да стават леб на маса. Има луѓе кои никако не се откажуваат од забави, свадби, журки, кои исто ги разбирам, зашто за жал човек додека нема мака, ништо не знае. Има корона од мака, корона од беслак, корона од игнорантсво, и за тоа нема спас…И има само еден лек, единствен најефикасен, најпрост, најбанален, најглуп, најевтин и најдостапен за сите сорти луѓе, – маска, дистанца, хигиена. Се’ додека ова не се разбере и прифати – ќе плаќаме голема цена. Но, вака или онака, на крајот секако ќе дојдеме до толку омрзнатиот – имунитет на стадо. И да додадам нешто многу важно, зашто гледам дека ми се читаат постовите. Децата од мали нозе треба да учат за природата и да ја засакаат биологијата. Верувам дека со константен и обмислен напор биологијата може да стане омилен предмет за секого. Ништо не може да ја замени оваа наука. Ништо. Најмалку проекти на невладини!“

Фото: Принтскрин

„Последиците од пандемијата врз иднината на младите генерации, (со акцент на совесните, полни енергија и одговорност) ќе бидат многу поголеми отколку моменталните бројки на смртност кај постарата. Долгорочните изолации, забрани за интерактивност, отуѓувања и осамувања не може да не влијаат врз нивните идни животи (професионално и интимно), а и врз светот што нели, тие ќе го градат. Само што таа статистика не ќе можеме да ја видиме во скоро време. Во нивните CV нема да стои дека се откажале од своите цели заради родителите, дедовците и бабите. Хуманоста добива нова димензија, која просечниот политичар , но и политиката генерално не ги интересира, но која нас, обичните луѓе треба да не’ засега и замисли! Колку човек станува се’ повеќе самосвесен, толку повеќе станува жртва на колективот. Носете маски, одржувајте растојание, мијте раце – и не престанувајте да изнаоѓате креативни начини во одењето кон посакуваната цел.“

Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова

„Човекот не е човек ако не се бори, не пркоси и не се обидува да надмудри вирус, да прекршува правила, да биде казнет итн. Мислам дека нервозата од непослушните граѓани нема да не’ спаси од вирусот. Верувам само во личната свесност и одговорност. Наивно, па дури и смешно е да се мисли дека ако сме сите дома нема да се разболуваме…Или дека власта може да воведе ред. Ќе си тераме вака до кај лето 2021 па и повеќе. Лична одговорност е спас. Креативноста е решение. И почитување на трите мерки!!! Се друго е изгубено време.“

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова
Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин 
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова
Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова
Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова
Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова
Фото: Фејсбук/ Синоличка Трпкова

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close