Новости

ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО НА МИЛИЦА: Мајка ми ме фрлила во река кога сум била бебе- ја пронајдов после 30 години, ми кажа само едно нешто кое ме скрши!

Милица после 30 години успеа да ја пронајде својата мајка

50 годишната Зорица Штрбац е вистински пример за борец од мали нозе. Имено таа се соочила со многу лошо искуство уште кога била бебе и имала само една недела.

Имено нејзината мајка, која не сакала помош од никого, решила да ја фрли во река, а како што вели Зорица, воопшто и не зажалила за тоа што и го направила на ќерка си.

Зорица е родена на 3 август 1969 година во 3:57 часот во болница во Аугсбург. Според германските медиуми, таа била резултат на повремена љубовна врска на нејзината мајка и тогашниот нејзин партнер со кој се забавувала кратко додека работела во Германија.

 

Како што раскажува Зорица за германските медиуми, една недела по раѓањето, веднаш штом излегле од болницата, мајка и ја ставила во торба и ја фрлила на брегот на реката.

Ме фрли како ѓубре и никогаш не жалеше за тоа – сведочеше Зорица во германските медиуми.

 

Зорица вели дека нејзината мајка не сакала помош од никого, иако и била понудена.

Медицинскиот персонал кој сфатил дека нејзината мајка не е спремна за бебе, бидејќи во болницата немала буквално ништо за бебето, и понудил помош, бебето да остане кај нив, но мајка и одбила.

Персоналот на клиниката и понуди на мајка ми да ме остави таму. Не беше подготвена за бебето, немаше ништо и никаква опрема за мене – вели Зорица.

Мајката сепак не се согласила да добие помош и решила по излегување од болницата, да фати такси и се упатила до реката Лек, каде и ја фрлила Зорица.

Бебето го ставила во торбица за патување, и го пуштила во реката, но за среќа торбицата се закачила на грмушките на брегот и всушност Зорица така се спасила.

Бебето било во чантата на брегот неколку часа, а потоа го забележале случајни минувачи – мајка и син.

Мајката на Зорица беше уапсена набргу потоа. Таа рече дека жали за тоа и по една година излезе од затвор.

Според Билд, после тоа, Зорица била вратена кај нејзината мајка, а кога имала три години, нејзиниот татко се грижел за неа.

 

Долго време, Зорица не знаеше која е нејзината мајка и што и прави. Тогаш решила да започне со истражување и читајќи ги локалните весници, дознала многу.

 

Во 2003 година, ја најдов преку оглас во еден српски весник,  и отидов таму. Се видовме лице в лице по толку многу години.

„Во што гледаш, зарем не ме препознаваш? ме праша таа. Тоа беше последен пат кога ја видов мајка ми – рече Зорица, која ниту денес не добила одговор на прашањето зошто нејзината мајка се обиде да се ослободи од неа, и тоа на таков брутален начин.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close