Кафе муабет

Долго го криеше од јавноста: Овој 14 години постар бизнисмен е новото момче на Емина Јаховиќ!

Повторно е среќна и заљубена...

Иако Емина Јаховиќ го крие приватниот живот од очите на јавноста и долго време зборуваше дека е максимално посветена на своите синови, Јавуз и Јаман па поради тоа нема време за љубовен живот, сепак сега во медиумите излезе веста дека пејачката е повторно заљубена.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Откако се разведе со Мустафа Сандал, пејачката продолжи да живее во Истанбул со синовите а го запостави и својот емотивен живот.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Таа накратко беше во врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран, а по таа врска речиси ништо не се знаеше за емотивниот статус на Емина.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Меѓутоа, турските медиуми ексклузивно открија дека таа е повторно заљубена и среќна, а новото момче на Емина Јаховиќ со која веќе два месеци ужива во љубовта и со која ги помина празниците на Малдивите е Курт Даниел Сантеј кој е четиринаесет години постар од пејачката.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Новото момче на Емина Јаховиќ, почитуван финансиски советник, долго време живееше во Швајцарија. Откако ја напушти сопругата пред две години, тој се врати во Истанбул, има две деца и е многу познат и влијателен во деловните кругови.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Се уште не е познато дали Емина ги запознала децата на Курт, но според медиумите, нејзиниот избраник ги освоил срцата на наследниците на пејачката, пренесува „Стори“.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Познато е дека Емина помина тежок период по разводот со Мустафа Сандал а недоразбирањата меѓу нив доведоа до тоа да завршат на суд.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Пејачката Емина Јаховиќ не еднаш има зборувано дека разводот и бил еден од најболните периоди во животот а сега откри и како дојде до крај на големата љубов.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

„Тоа не беше ни малку лесно искуство, а денот кога ставивме крај на бракот вечно ќе го паметам. Отидовме на суд и за 15 минути ставивме точка на нешто кое траело 14 години. Се разделивме цивилизирано. Мустафа и јас се трудиме да имаме нормален однос, поради децата“, раскажа пејачката за медиумите.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Емина го тужеше Мустафа дека не плаќал алиментација за синовите но потоа откри дека работите конечно се средиле па сега тој плаќа 3000 евра месечно, но доколку пејачката се омажи ќе го изгуби правото за добивање месечна надокнада.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close