Дом и семејство

Зошто 14- годишниот К.К кој изврши масакр сакал неговата мајка да пати? – Еве што одговорија психолозите…

Тој се изјасни како психопат...

14- годишниот К.К кој пред неколку дена ја зави Србија во црно откако изврши масак.р во своето училиште, на социјалните работници меѓу другото им рекол дека сака да страдаат мајките на неговите пријатели, но и неговата сопствена мајка, објави Курир, пренесува Жена.рс.

фото принтскрин

За време на апсењето, малолетното момче кое пу,кало во своите школски другари изјавило дека е психопат, додека уживањето во туѓата болка и е еден од симптомите на психопатија, тврдат научниците.

фото принтскрин

Кога К.К. (14) бил приведен и испрашуван од социјалните работници, српски Курир објави информација дека тој изјавил дека „сакал да страдаат мајките на неговите уб,иени пријатели, но и неговата мајка а тоа го смета како своевидна компензација за неговата душевна болка“.

фото принтскрин

Познатиот германски психотерапевт Берт Хелингер тврди дека улогата на мајката има најголемо влијание врз иднината на детето, повеќе од која било друга личност во околината. Тој детално објасни зошто е важен односот со мајката и како тоа влијае на нас во текот на нашите животи.

фото илустрација

„За многумина, односот со мајка им станува трнлив во текот на нивниот живот, а за жал многумина не сфаќаат дека добриот однос со мајка им е основата на нивниот успех, без разлика дали е тоа на работа или во односите со други луѓе. Неблагодарност и лош однос кон нашата мајка може да има лоши последици за нас.

фото илустрација

Кога ќе изградиме љубов и мир со нашата мајка во нашите срца, тогаш добиваме изобилство на живот.  Но, не е важно каква мајка има некој, многу работи зависат од детето.

фото илустрација

Вашиот пристап кон неа, вашите чувства кон неа, отфрлање или огорченост – сето тоа се изговори да не ја прифатите вашата мајка таква каква што е и да го оправдате лошиот однос со неа. Се додека детето ја отфрла мајка си, го отфрла животот, професијата и успехот.

Кога детето добро се однесува со својата мајка и ужива да биде со неа, тогаш животот му го враќа истото. Ако со задоволство го прифатиме она што ни го дава мајката, тогаш животот ќе ни врати со иста мера.

фото илустрација

Оној што се однесува одбивно кон мајка си, се однесува одбивно и кон животот и среќата.

И конечно, кога мајка ти ќе се оддалечи од тебе, поради твојата резервираност и неподготвеност – тогаш среќата и успехот се оддалечуваат од тебе. Секое долгорочно отсуство од мајката создава длабоки промени кај нас и нашето однесување“, вели психотерапевтот Берт Хелингер.

фото илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close