Кафе муабет
Долгогодишното пријателство премина во брак: Вака изгледаа Дејан Матиќ и неговата сопруга Јелена на венчавката за која се уште се зборува
Повеќе од една деценија се во брак...
Свадбата на Дејан Матиќ беше денот за кој естрадата се уште зборува. Јелена и Дејан се венчаа во црквата Свети Василиј на Бежанијска коса, кога неговата избраничка беше во 4-ти месец од бременоста.
Јелена блесна во прекрасен фустан со асиметричен крој, а за време на целата веселба не ја симна насмевката од лицето. Дејан изгледаше како господин во сив костум и заедно влегоа рака под рака во заедница која трае цела деценија.
Парот се венчаше во луксузен ресторан во Ледине, пред бројни гости од сцената.
Тие денес живеат во хармонична заедница со синовите Зоран и Константин и уживаат една деценија од нивниот брак, кој произлезе од долгогодишното пријателство.
Јелена и Дејан на почетокот на 2012 година ја започнаа емотивната врска а претходно беа пријатели неколку години.
Веќе во јули истата година, Дејан и Јелена застанаа пред матичарот, а на нивната венчавка имаше многу личности од јавниот живот.
Во една прилика Дејан откри како неговите деца се носат со фактот дека имаат татко кој не гледа.
– Тие од почеток сфатија дека е тоа така, секогаш прашуваат дали ми треба помош и секогаш се тркаат кој да ми помогне ако треба, рекол Дејан Матиќ.
Инаку, близнаците Дејан и Саша Матиќ се родени на 26. април 1978 година како здрави, но прерано родени. Затоа мајката и таткото морале своите деца да ги сместат во инкубатор во породилиштето во Загреб. Од неутврдени причини (најверојатно невнимание на медицинската сестра), двете бебиња по само неколку дена во болница, ослепеле, а тој недостаток судбината им го вратила со извонредниот музички талент па така тие веќе со години се едни од најпопуларните пејачи во Србија и во регионот.
Во медиумите последните две години постојано се пишува за несогласувањата помеѓу браќата, но неодамна Саша Матиќ се појави како гостин во емисијата „Реална цена“, каде истакна дека меѓу нив никогаш немало лоша крв.
– Нашите родители не воспитаа пред се да бидеме добри и чесни луѓе – рече дека и двајцата се чесни луѓе, а потоа истакна:
– За мој вкус, Дејан пее подобро од мене – рече Саша, не навлегувајќи понатаму во темата за врската со брат му, бидејќи еднаш истакна дека тоа е една од темите за кои навистина не сакал да зборува во медиумите.