Кафе муабет
ДИМИТАР АТАНАСОВСКИ: НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ДЕКА НЕКОЈ ЌЕ МЕ ПОБАРА ДА МЕ СЛИКА ПО БОКСЕРКИ
Водителот Димитар Атанасовски искрено за семејството и бракот...
Водителот и добро познатото телевизиско лице на јавноста, Димитар Атанасовски повеќе од 4 години е во брак со успешната пејачка и харфистка Сара Костадиновска или попозната на јавноста како Сара Мејс.
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
Сара и Димитар важат за едни од најпознатите парови во Македонија. И двајцата се доста активни на социјалните медиуми каде многу често споделуваат фотографии како од приватниот така и од професионалниот живот.
Парот се венчаше во 2017 година и направи свадбена прослава со сите традиционални обичаи.
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
Круна на нивната љубов се нивните две дечиња Илина и Кирил.
Илина расте во прекрасна убавица и постојано е околу нејзиното братче, новородениот син на Сара и Димитар , Кирил.
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
Димитар повеќе од 15 години е дел од јавната сцена. Публиката го запозна како водител на емисијата „Тротоар“, работи во Сити радио и скоро и да нема фестивал и манифестација во Македонија на која не бил водител.
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
Во интервју за Репортер, Димитар открива дека два пати присусствувал на раѓањето на децата.
Иако денес му е забавно да зборува за денот кога се роди синот, призна дека кренал паника кога на Сара ѝ пукнал водењакот среде детски роденден.
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
„Сара само смени боја, а јас почнав да паничам. Тргнавме накај болница, мислев тоа е тоа, детето ќе се роди во кола. Сара ме смируваше дека има време и дека не оди сè така брзо. Па ја оставив неа во болница, ја однесов Илина дома, го прошетав и кучето и стигнав на време да влезам во породилната сала. Додека гледав сфатив дека тоа што го поминува жената кога се пораѓа, јас никогаш не би можел да го направам“, споделува Димитар за Репортер
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
Четири месеци откако Сара се породи, двајцата заедно направија фотосесија за познат бренд на долна облека.
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
„Не мислев дека некој освен жена ми би сакал да ме сликма по боксерки. Ова беше многу интересно искуство, особено за Сара, која брзо се враќа во форма по породувањето. Спремаме и нова фотосесија за празниците која ќе биде уште посмела, а јас имам нов режим на вежбање за да бидам во форма пред сликањето“, вели тој за „Репортер“.
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски
Љубовта меѓу Димитар и Сара се роди пред 10 години, кога тие се запознаа во Шоуто ,,Танц со ѕвездите’’, иако на почетокот умешно ја криеја врска од јавноста.
Фото:Фејсбук/Димитар Атанасовски