Дом и семејство

Децата се љубоморни бидејќи мојот брат има супермоќи: Текст кој го расплака регионот!

Мојот брат Никола носи слушно помагало, кое се лепи како магнет. Тој вели дека тоа се неговите супер уши...

Детската љубов е искрена и незмерна а за тоа говори и овој текст кој беше објавен на социјалните мрежи и за кратко стана вистински хит.

фото илустрација

Овој текст за еден мал суперхерој ги растопи срцата на многумина. Имено станува збор за љубовта помеѓу две братчиња а на едното му била дадена задача да напише текст за личност на која и се восхитува, а неговите зборови не можеа да ги остават рамнодушни читателите.

фото илустрација
фото илустрација

– Мојот брат Никола носи слушно помагало, кое се лепи како магнет. Тој вели дека тоа се неговите супер уши. Тие се неговата суперсила што му помагаат да учи на училиште и да слуша се околу него. Тој ми помага во се. Тој ми помага со домашните задачи и ме брани ако некој ме задева.

фото илустрација
фото илустрација

– Тој е мојот супербрат. Ме нервира што децата се смеат ако некој не слуша добро. Мислам дека се љубоморни што тој има суперсили. Имам и јас некои суперсили, но се уште не сум ги открил – напиша едно момче.

– Ова ме расплака. Вие сте супер момчиња и богатство за вашите родители. Прекрасен состав, малечок, имаш големо срце, беа дел од низата коментари.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close