Дом и семејство

Имаше македонско потекло и 40 години сакаше една жена – Иван ја изгуби битката од короната!

Неговите колеги се простуваат од него

Познатиот актер Иван Бекјарев ја изгуби битката од короната

Пред десетина дена состојбата му се влошила, а неколку дена претходно тој го даде своето последно интервју за медиумите.

Зад себе има остварено бројни улоги, а важеше и за семеен човек. Тој повеќе од 40 години беше во брак со својата сопруга Микица.

„Без разлика дали сте маж или жена, ако тргнете од тоа дека семејството е основа на секое општество и решите да влезете во брак, тогаш ќе ви биде лесно да поминете толку години со иста личност. Најлесно е да се разведете, но бракот треба да се чува и негува, посебно откако ќе добиете наследници. Но, денешните девојки ги менуваат фраерите на неделно ниво, па не е ни чудо што не можат да се ослободат од таквата навика и што доаѓа до се поголем број на разводи“, изјави познатиот актер во едно негово интервју од пред неколку години.

Фото: Дејан Бриза, Ало

„Нема тука некоја голема филозофија, или ви одговара или не ви одговара. Кога со некој ќе се најдете тогаш е потполно природно да размислувате за брак и за тоа дека ќе го поминете животот заедно“ изјави Бекјарев тогаш.

Што се однесува до неговата популарност, но и до тоа како со неа се справува неговата сопруга, тој во една пригода изјави:

„Тоа не е лесно ни за мене, а посебно е тешко за неа. Но имам среќа дека мојата сопруга брзо сфати дека тоа се само вести што ги продаваат весниците и дека не треба да им посветува некое посебно внимание. Така често се случува невистините што ги пишуваат за мене потешко да ми паднат на мене, отколку на неа. Многу често се случуваше таа да ме утешува кога ќе објават некоја глупост, која е составен дел од мојата работа, а заради која често патам.“

Фото: Инстаграм/ Буфонерија

Бекјерев своевремено призна и дека неговата сопруга понекогаш знае да биде љубоморна, но во границата на нормала.

Мојата жена е љубоморна но во онаа нормална доза кога некој се сака. Ништо претерано. Довербата и желбата да се сочува семејството се нешто што го отежнува бракот па таков е случајот и со нас.

Фото: Инстаграм/ Сет Модрица

Тој не криеше дека со неговата сопруга жалат што имаат само еден син:

„Сакавме повторно да бидеме родители. Детето беше ба пат, но во тоа време владееше некоја епидемија и нашата желба за жал не се оствари. Што се однесува до мене, би сакал да имаме пет. И денес знам да се пошегувам и да и кажам на сопругата Има време, ќе направам јас уште едно дете, некогаш некаде“, се шегуваше своевремено познатиот актер.

Фото: Инстаграм/ Српски глумци

Иван дозна дека е позитивен на вирусот додека снимаше филм, па веднаш го напуштил снимањето.

На почетокот како што кажа тогаш, се чувствувал добро, но за жал по некое време ситуацијата му се влоши.

„Во моментов сум на инфузија и немам никакви симптоми.“

Пред неколку дена дознав дека сум позитивен на вирусот и веднаш прекинав со снимањето на филмот. Се надевав дека сé ќе помине добро, дека наскоро ќе ме пуштат дома и дека ќе можеме да продолжиме со работа на филмот“, изјави актерот кога дозна дека е позитивен на вирусот.

„Ужасно се чувствувам, во болница сум и не се знае до кога ќе останам. На инфективна сум и не мжам да зборувам. Не сум ништо подобро“, изјави познатиот актер во своето последно интервју за медиумите.

Фото: Принтскрин

Неговите родители се по потекло од Македонија

Инаку, родителите на Иван Бекјарев кој е роден во Белград, потекнуваат од Македонија.

Таткото Георги дојде во Белград пред Втората светска војна, а мајката Радмила (по потекло од Гевгелија) дојде во Белград во 1945 година. Таткото на Иван го смени презимето во Беќаревиќ пред војната, но по раѓањето на Иван повторно го смени во Бекјарев, со цел да се избегнат непријатностите затоа што тоа беше презимето на Бошко Беќаревиќ, началникот на Специјалната полиција во Белград, кој соработуваше со Германците за време на војната. Со најголема популарност се стекна со улогата на Вујковиќ во ТВ серијата Бањица (1984) и Стевица Курчубиќ во ТВ серијата Подобар живот (1987, 1990). Во текот на својата актерска кариера има снимено над 50 филмови во поранешна СФРЈ, Србија, Данска, Италија и други. Тој беше избран за член на Академијата за филмски уметности и науки.

Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/Иван Бекјарев
Фото: Фејсбук/Иван Бекјарев
Фото: Фејсбук/Иван Бекјарев
Фото: Фејсбук/Иван Бекјарев
Фото: Фејсбук/Иван Бекјарев
Фото: Фејсбук/Иван Бекјарев
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/Иван Бекјарев
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук/ Иван Бекјарев

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close