UncategorizedКафе муабет

Двојна прослава во семејството Шаулиќ: Се жени Михајло, Гоца пресреќна за убавите вести- ова е неговата избраничка

Конечно среќа во семејството...

Михајло Шаулиќ, синот на трагично загинатиот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, закажа венчавка со својата свршеница Марина Велимировиќ.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

Ова не е единствената добра вест што го израдува целото семејство Шаулиќ и нивните пријатели, бидејќи идните сопружници дознале дека следната година ќе станат родители, поради што на среќата и нема крај.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

– Сите се неописливо среќни поради се убаво што им се случува. Секако. Штом младенците им ја соопштија веста на своите семејства, почнаа да се прават планови за венчавка, па деновиве веќе се во тек подготовките – рекол изворот и додал:

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

– Свадбата е закажана, некои од најблиските пријатели се веќе известени, додека други наскоро ќе добијат официјални покани. Бидејќи младенците сакаат дискреција без преголема помпа, се ќе биде организирано во престижен хотел во главниот град – раскажува за Објектив извор близок до семејството Шаулиќ, кој посочува дека Михајло и Марина се организираат по договор.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

За разлика од Санела и Илда Шаулиќ, за кои знаеме дека се во среќен брак, приватниот живот на нивниот брат Михајло се до сега беше енигма за јавноста.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Познато е само дека веднаш по смртта на татко му ја раскинал долгогодишната врска со Данијела Мандиќ со која планирал венчавка.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Михајло е повторно среќен во љубовта а убавата бринета која му го освои срцето е извесна Марина Велимировиќ.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Инаку неодамна се пишуваше дека Михајло Шаулиќ, кого јавноста претходно го запозна со Александра Младеновиќ, бил во емотивна врска со жена која веќе има брак и дете зад себе.

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

Она што посебно ја налути неговата мајка Гоца е информацијата дека станува збор за жена која е поранешна снаа на семејството Кариќ.

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

Како што откри тогаш извор за српски „Скандал“, Гоца имала можност да се сретне со Тамара Николиќ, но не знаела за нивната врска.

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

– Гоца ја запозна девојката, знаеше дека е богата и има дете, но другите детали од неа ги криеја Михајло но и неговите сестри Илда и Санела – започнува изворот и додава:

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

– Михајло им рече на своите сестри дека ќе и објасни се на неговата мајка, не му паднало на памет дека ќе прочита се во медиумите бидејќи обично не чита весници и портали. Но, овој пат беше поинаку, Гоца ја виде веста и речиси се онесвести од шок.

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

По фотографиите кои ги виде а на кои синот на Шабан Шаулиќ и поранешната сопруга на Симон Кариќ се исклучително блиски, на Гоца и се слоши.

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

– Гоца се шокираше кога виде слики во медиумите на кои Михајло е близок со нова девојка, па почна да му вика на својот син: На што личи ова?! Како можеш да го посрамиш своето семејство! Можеш ли да најдеш девојка без да те следат медиумите и скандалите, постојано создаваш некои проблеми – рече изворот и објасни:

ФОТО: Гордана Шаулиќ / Инстаграм

– Гоца не е толку исплашена што оваа девојка имаше сопруг и дека има дете, само се грижи дека Михајло конечно треба да се среди и да биде во сериозна врска а не вака на секои неколку месеци да биде со друга девојка.

ФОТО: Гордана Шаулиќ / Инстаграм

Но на нејзина среќа оваа врска завршила па сега Михајло е среќен покрај својата нова љубов.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close