Кафе муабет

Дарко падна на колена пред Катарина и ги изненади сите- Никој не го очекуваше ова од него, таа се шокираше од оваа постапка на пејачот

Се пошегуваа...

Медиумите на големо шпекулираа дека пејачот Дарко Лазиќ тајно се оженил со својата девојка Катарина па дури и дека е бремена.

фото принтскрин

Но Дарко иако негираше дека неговата избраничка Катарина Стојановиќ е бремена, медиумите шпекулираа дека таа сепак е во блажена состојба, а неодамна се појавија и последните информации – дека го изгубила бебето.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Катарина му се пожали на Дарко штом се вратија од Дубаи каде беа на одмор неколку дена. Тоа беше и нивниот мини меден месец по тајната венчавка. Таму се било во ред, никому не кажале за бременоста бидејќи беше рано, а по враќањето во Србија почнале проблемите – ја раскажал приказната извор близок на парот.

фото принтскрин/Курир.рс

-Им беше многу тешко, Дарко само и се јави на мајка си Бранка да ја извести бидејќи таа беше една од ретките кои знаеја дека Катарина е бремена. Почнал да плаче, но докторот објаснил дека компликациите во тој период од бременоста не се воопшто ретки и дека тоа е ризик кој секогаш постои. Кога се завршило, Лазиќ и предложил на Ката повторно да отпатуваат некаде за да и ги пренасочи мислите бидејќи била во депресија, но таа не сакала – заклучил соговорникот за Република.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Но сега, по повод сите шпекулации за нивната врска Дарко Лазиќ на новогодишната ноќ реши да се пошегува со медиумите.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Тој настапи со кумата Андријана Чекиќ. Салата во Нов Белград беше преполна, а тие двајца ја доведоа атмосферата до лудило. Одлично се забавуваше и девојката на Дарко, Катарина, која нешто по полноќ стана негова „лажна свршеница“.

фото принтскрин

Имено, Лазиќ во еден момент се пошегувал, па клекнал пред девојката, и го извадил прстенот од раката, а потоа и го вратил. Тоа ја насмеало до солзи, а потоа му се фрлила во прегратка.

фото принтскрин

Сите коментираа дека можеле да видат колку многу се сакаат, а особено задоволна била кумата.

фото принтскрин

Дарко бил многу среќен, па во еден момент одиграл оро со девојката и еден пријател.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Да потсетиме, до неодамна имаше вести дека Катарина и Дарко се венчаа тајно а тие сите приказни ги подгреваа со шеги на таа тема.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Тогаш мајката Бранка истакна дека не знае ништо за венчавката и дека таа не била повикана, а истото го рече и неговиот брат кој посочи дека со Дарко се е можно, но дека тој не бил известен ниту повикан на венчавка.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Каква црна тајна свадба? Кога ќе се оженам, од Војводина до Пирот. Ќе направам прослава која ќе трае три дена, со 1.000 гости. Ќе се пече прасе, ќе се пие домашна ракија… Ќе организирам голема свадба. Дај боже, следната година да се венчаме. Едвај чекам, бидејќи никогаш не сум бил посреќен. Конечно, до мене имам личност која ја сакам безусловно и која ме сака.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам на грбот на мојата девојка Ката! Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот – изјави Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам кај Ката во Нови Сад. Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот! Таа е и мој личен шофер, бидејќи немам дозвола и не можам да возам. Секирата ми падна во мед. Убаво е, за промена, да се живее на туѓ грб. Многу поранешни само ми земаа. Сега да видам и јас како е. Знам дека не ми веруваат, но навистина немам пари за недвижен имот. Сè уште собирам пари за да купам стан во Нови Сад. Ката е поврзана со тој град, па таму ќе се вдомиме.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Освен што сакам да купам стан и да се оженам, би сакал јас и Ката да имаме бебе. Дај боже да имаме три деца. Немам време за патување, бидејќи имам многу настапи до крајот на годината. Не ни размислувам за одмор – рече Дарко неодамна.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close