Кафе муабет

Дарко Лазиќ се ожени тајно- семејството во шок, се огласи неговиот брат: Не го повикал на свадба, никој не бил свесен дека би направил такво нешто!

Се уште не знаат дали е вистина...

Пред два дена јавноста остана во шок откако беше објавено дека Дарко Лазиќ се оженил со својата нова девојка Катарина.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, како што стана познато, Лазиќ судбоносното „да“ го кажа тајно, во општина во Нови Сад, а на интимната свадбена церемонија присуствуваа само неколку пријатели, додека мајката на Дарко, Бранка и остатокот од семејството не биле присутни.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Во оваа прилика се огласи и братот на фолкерот, Драган, кој призна дека повеќе од една недела не се слушнал со Дарко и дека никој од семејството не знае дали воопшто се случила венчавката.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Јас и Дарко не се слушнавме повеќе од една недела. Тој е луд, но не знам дали имало свадба. Претпоставувам дека ќе ми каже нешто како брат. Тој и Ката се на пат, колку што знам не дошол овде. Иако, со нив никогаш не се знае! Деталите ќе ги знам кога ќе се слушнеме, засега тој не контактира со мене. Се немам слушнато ниту со мајка ми, барем нешто ќе кажеше да знаеше – изјави Драган за Република.

фото архива

Да потсетиме, Дарко и Катарина го кажаа судбоносното „да“ на 8 декември во општина Нови Сад во присуство на само неколку луѓе.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

На фолкерот ова му е втор брак по ред, а претходно беше женет со колешката Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Иако беше свршен со Марина Гагиќ, Лазиќ не се ожени со неа, а од нивната љубов се роди синот Алексеј.
Лазиќ неодамна откри дека не останал без недвижен имот и покрај пороците кои ги имал а кажа дека планира да и подари стан на Ката.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Обезбеден сум што се однесува до недвижнини, имам неколку станови во близина на Белград, но не сакам да живеам таму. Заработувам доволно пари откако почнав да се занимавам со овој бизнис. Имам две куќи во Брестач, недвижен имот во Белград. Пороците и распуштениот живот се зад мене. После триесет човек некако сам се смирува и мислам дека полека влегувам во таа фаза. Пробав сè, ја ставив главата во кеса, пиев, но сега се вртам кон мирот и семејниот живот. Мислам дека и кај мене можете да ја видите разликата. Од кога сум со Ката не се сеќавам кога сум се напил некаде во кафеана. Сега најдобро ми е да нарачаме храна заедно и да гледаме филм. Уште поубаво е кога доаѓаат моите деца, па заедно уживаме – изјави пејачот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко рече дека ќе ја изненади Ката со луксузен стан во Нови Сад зошто сега живеат под кирија бидејќи како што вели не сака да живее ниту во Белград ниту во Брестач.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Целта ми е да почнеме од нула со Ката, да изградиме нешто свое и мислам дека, засега, тоа е во Нови Сад. Не сакам да се враќам на места кои ме потсетуваат на поранешните. Никој не знае дека веќе планирам да ја изненадам Ката со стан. Тоа ќе биде мојот подарок за неа. Сега чекаме да заврши зградата. Таму ќе се гушкаме. Не сакав да живееме во стан од 50 квадрати. Ова што сега го земам чини цело богатство, ќе имаме над 100 квадрати – рече Дарко и додаде:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Кога ќе дојдат моите деца, Ката ги третира како да им е втора мајка. Нејзината сестра има две деца, мајка и е учителка и знае како да се однесува со децата. Таа се грижи за моите кога ќе дојдат, и се надевам дека еден ден ќе имаме свои. Сега таа замислува брак само со мене. Катарина се снаоѓа во кујната како да е родена таму а луѓето мислат дека е само една фитнес инструкторка која нема поим од животот. Сите тие имаат предрасуди кон нас, но сите ќе ги убедиме дека работите се поинакви.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Ката секогаш вели дека ништо не се сменило меѓу нас откако се запознавме. Се познаваме повеќе од 10 години, нашите семејства се познаваат и меѓу нас секогаш имало симпатии. Одамна бевме во врска, сега после толку време ја обновивме. И двајцата сме разведени, па решивме да и дадеме уште една шанса на нашата љубов. Гледам дека сега ми се смеат зад грб и велат дека ова со Ката нема да трае. Велат дека таа за мене е само уште една во низата, но ќе покажам дека тоа не е вистина. Можат да се смеат до утре, знам дека дојде нашето време!, истакна Дарко неодамна.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close