Кафе муабет

Дарко Лазиќ има нова девојка: Го напуштила сопругот поради него, а тој искеширал вртоглава сума да и ја исполни најголемата желба

И платил за силикони...

Изгледа дека на Дарко Лазиќ не му се чека ни минута, па тој неодамна заплови во нова љубовна врска, со жена која се уште е законски мажена, а наводно го оставила сопругот и се вселила во станот на пејачот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Станува збор за девојка со која Дарко неодамна објави фотографија од тренинг во теретана, а сега беа фатени како се бакнуваат на еден настап, по што многумина искоментираа дека таа потсетува на Барбара Бобак, со која Лазиќ беше до неодамна.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Дарко веќе некое време ужива во врската со Катарина С. Таа е една година постара од него, има 32 години. Во брак е три до четири години. Тој човек е спортист, поседува теретана во едно гратче во Срем, каде работи и како тренер. Долго време се обидувале да добијат дете, но не успеале. Отишле и на ин витро оплодување. Веројатно ова е една од причините поради која имало проблем меѓу нив – ја започнува приказната извор близок до Катарина:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Со Дарко прва кликна Катарина. Тие веќе подолго време се во контакт преку социјалните мрежи, а се познаваат и долго време. Таа често одела на неговите настапи. Сепак, тие го интензивираа своето пријателство по заедничките тренинзи во теретана и консултациите за исхраната.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ лудуваше по неа и не му беше гајле што е мажена жена, тоа воопшто не му пречеше.Иако Катарина се уште официјално не се развела, пред извесно време, без објаснување, само ги собрала работите од куќата во која живеела со сопругот и се вселила кај Дарко“, пренесува порталот.
Неодамна пејачот и неговата нова девојка беа на заеднички одмор.

„Сопругот на Катарина беше во шок, навистина се чувствуваше изневерено. Веднаш ги избриша сите заеднички слики со сопругата, а наскоро и таа го стори истото. Сега се помири со тоа, се врати на тренинзите и на работата, тоа го исполнува. Инаку, Ката и Дарко беа заедно на море. Со нив беше и нејзината помлада сестра. Иако на почетокот тоа го криеја, подоцна се опуштија, па најпрвин објавија селфи од теретана, а потоа таа го бакна во уста додека тој на настап ја пееше неговата песна „Моите бивши жени“, а сето тоа некој го снимил и објавил на социјалните мрежи“, пишува порталот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Сепак, она што е најинтересно во целата приказна е подарокот што Дарко и го подарил на својата нова девојка за нејзиниот роденден.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Дарко и плати на Катарина да и вградат силикони во градите во една позната клиника. Деновиве треба да оди да ја направи таа интервенција. За тоа искеширал 3.000 евра и око не му трепнало. Тоа многу ја израдува, одамна има желба да ги зголеми градите“, пренесува Express.rs.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Пред неколку дена се огласи и Барбара по веста дека Дарко има нова девојка и истакна дека не страда по него иако беа верени.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Јас сум одлично. Кога немаш за што да страдаш, тогаш не страдаш. Немам за што да страдам – ​​рекла Барбара, а искоментирала и за неговата нова девојка, покрај која, според пишувањата на некои медиуми, тој сигурно ја преболел.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Одлично ако има, навистина ми е драго. Ако таа му одговара, ако е среќен, среќна сум и јас за него. Нека се живи и здрави – рекла пејачката, а потоа открила дали би стапила во контакт со бившиот партнер доколку сака да ја запознае со неговата партнерка.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Би контактирала со него на најнормален начин, не го мразам. Омразата јаде човек. Немам нерви да мразам никого. Ја градам кариерата, се посветив на работата. Мојот живот не се заснова на него, не е ни во мојот мал мозок – рекла Барбара.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close