Кафе муабет

Долго време се борам со себе и ова мора да го кажам: Јелена Ѓоковиќ си ја отвори душата и откри какви проблеми има

Најтешко и е да каже извини...

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со години го води својот блог на кој често отворено и искрено зборува за проблемите со кои се справува.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Така, во еден од своите постови, таа откри што и било најтешко за неа кога станува збор за работа на себе.

фото Твитер

‒ Долго време се мачам да кажам „извини“ кога е потребно и да прифатам дека не сум совршена. Откако тргнав на духовниот пат на внатрешен раст, почнав да сфаќам колку е важно да се каже извини – истакна Јелена и откри како научила многу лекции на патот да стане подобра верзија на себе.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

‒ Моето разбирање за животот е дека ние сме тука да бидеме луѓе и да го покажеме тоа во секоја улога што ја преземаме. Како што стануваме помудри и постари, можеби ќе ги правиме работите подобро, но ќе продолжиме да грешиме. Треба да бидеме отворени за нови искуства во текот на животот. Ќе престанеме да правиме грешки само ако престанеме да пробуваме нови работи. Мораме да ги прифатиме страдањата и болката како процес на учење. Најкорисната вештина што некогаш ќе ја научиме е да се извинуваме и да учиме од сопствените грешки – заклучува Јелена во својот блог, пренесува Блиц.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Со оглед на тоа што во јавноста кружеа гласини дека Јелена н е во добри односи со свекрвата подолг период, ова може да значи дека постот кој го објавила се однесува токму на неа.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Тие ретко се појавуваа заедно, речиси никогаш не си правеа друштво, дури ни во тениската ложа, а интересно е што никогаш не ги ни демантираат наводите дека не се согласуваат.

Неодамна Новак објави фотографија на која ги прегрнува двете најважни жени во неговиот живот, сопругата и мајката, па со тоа се испостави дека тие две конечно се смириле, а Јелена решила да се извини на Дијана, па сега се е како порано.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Како што се пишуваше во медиумите по триумфот во Рим, Новак Ѓоковиќ решил да се посвети на средување на семејните односи, а со тоа да стави крај на конфликтот меѓу сопругата Јелена и мајката Дијана.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Наводно тогаш Новак Ѓоковиќ ја условил Јелена што поскоро да и се извини на мајка му, исцрпен од семејната ситуација и несогласувањата кои траат предолго.

фото профимедиа

-Новак не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Бидејќи работите не се сменија, Новак одморот ќе го искористи за да ги смири Јелена и Дијана, бидејќи се отиде предалеку. Откако Дијана во една емисија изјавила дека им дозволува на внуците да јадат сè, Јелена му испратила на Новак клип од шоуто, велејќи дека е непримерно Дијана да зборува така во јавноста. Новак тогаш и рекол дека и таа мора да ја спушти топката и дека би било убаво двете да седнат и конечно да разговараат – рече извор за „Стар“ .

фото архива

– Јелена пред две години кажа нешто што многу ја повреди Дијана и Ноле смета дека треба да и се извини за тоа, за да продолжат без срам. Тој и нагласил на Јелена дека не му треба притисок и дека може да имаат проблеми доколку двете не се помират, бидејќи не сака да избира меѓу мајка и сопруга. Јелена беше изненадена што овој пат не застана на нејзината страна, истакна неодамна добро упатен извор.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
фото принтскрин
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close