MAMA

Дали децата се супер-преносители на коронавирусот? Ова се резултатите од најновата студија

Резултатите од студијата спроведена во Шпанија покажаа дека едно дете има шест пати помала веројатност да го пренесе коронавирусот

Се чинеше дека не е оправдан стравот дека најмладите ќе бидат главните виновници за инфицирање на возрасните

Резултатите од студијата спроведена во Шпанија покажаа дека едно дете има шест пати помала веројатност да го пренесе коронавирусот на другите отколку возрасните.

Истражувачите следеле како се шири коронавирусот во група од 1.905 луѓе, претежно деца, кои поминале пет недели во 22 кампови во Шпанија. Малите деца поголемиот дел од своето време го поминувале на отворено, носеле маски и често ги миеле рацете.

Тестирањето спроведено на неделно ниво од здравствени работници од блиската болница покажа дека триесет заразени деца го пренеле вирусот на дванаесет деца кои биле здрави, и покрај тоа што имале повеќе од 250 контакти во нивната група.

„Р-број“ кај деца беше 0,3. За споредба, „Р-бројот“ во локалното подрачје се движеше од 1,7 до два, што значи дека децата беа шест пати помалку заразни од останатото население.

Многу студии покажаа дека децата не го шират вирусот онолку колку што се плашеа дека може да се случи – научниците на почетокот на пандемијата шпекулираа дека децата би можеле да бидат супер-преносители, како што е случајот со настинка и грип.

Стравот од воспитувачите дека децата ќе го донесат вирусот дома и ќе го пренесат на потенцијално загрозени членови на семејството, се докажа, барем засега, како неоправдан. Студиите, вклучително и оваа шпанска, сугерираат дека најмладите не ја пренесуваат кoроната  на толку блиски контакти на начинот на кој тоа го прават возрасните.

На пример, сто заразени деца, само триесет од нив би ја пренеле инфекцијата на други. Кога станува збор за возрасни, сто позитивни за ковид-19 би го пренеле вирусот на 170, или 200 здрави луѓе.

Истражувањата исто така покажаа дека децата на возраст под 12 години го пренесуваат коронавирусот со слична брзина како и децата на возраст меѓу 13 и 17 години.

Овие резултати даваат надеж дека училиштата нема да бидат резервоари за ширење на инфекција со коронавирус. Сепак, не треба да се занемари фактот дека за време на нивниот престој во камповите во Шпанија, децата поголемиот дел од своето време го поминувале на отворено, а не во училниците.

И дали и ние треба да престанеме да ги посетуваме постарите лица во семејството заради опасност од ширење на коронавирус?

Неодамна и францускиот претседател Емануел Макрон отворено ги охрабри луѓето да престанат да ги посетуваат постарите членови на семејството. „Ние мора да избегнеме колку што е можно повеќе да ги посетуваме нашите постари роднини“, изјави Макрон додека гостуваше во еден пензионерски дом во Париз.

Но не се согласуваат сите со него. Некои сметаат дека тоа е дури и глупаво.
Ефекти на осаменоста

Постарите луѓе се повеќе подложни на сериозно заболување, а лесно можат и да го изгубат животот од Ковид-19, но некои експерти велат дека не треба да заборавиме дека социјалната интеракција е клучна за нивното ментално и физичко здравје. Па така некои од нив советуваат да не ги заборавите старите лица, но треба да бидеме внимателни и свесни.

Тоа значи дека треба да бидеме сигурни дека немаме грип (ако сме тестирани на пример или ако веќе подолго време и самите сме поминале во изолација и држиме социјална дистанца). Исто така треба постојано да ги миеме раце и да избегнуваме посети кога страдаме од симптоми на болеста.
За старите и осаменоста е опасна

Според д-р Ами Рокач, клинички психолог од Универзитетот Јорк во Канада, кој ги студира ефектите на осаменоста во последните четири децении, таа навистина може да придонесе за влошување на здравјето, па и да предизвика губење на животот. „Стресот во целина го ослабува имунолошкиот систем“, вели тој за „Сити Њуз“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close