Кафе муабет

Градоначалникот на Бутел по вторпат стана татко – МУ СЕ РОДИ СИН! Погледнете како се славеше

Се роди Тодор...

Во месец јануари во 2020-тата година актуелниот Градоначалник на Бутел, Дарко Костовски се заколна на вечна љубов пред Бога со неговата избраничка Тамара Костовска.

А неколку месеци подоцна парот ја доби и својата ќерка.

Во име и по правила на Господ !

Македонска Свадба

“Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото“ (Ефесјаните 5:22-23). “Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа“ (Ефесјаните 5:25).

“Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог што составил, човек да не разделува” (Матеј 19:6), напиша тогаш Костовски во описот на свадбените фотографии.

Пред неколку дена Градоначалникот на Бутел на својот официјален Фејсбук профил објави дека станал татко по вторпат.

„Се роди Тодор, слава на Господ ! Мама Тамара е супер поклон за неа и медицинскиот тим.“ – напиша тој во описот на фотографијата со штотуку родениот син на кого му е сокриено лицето

По повод новородениот син на Костовски, се славеше на големо!

Неговиот колега, Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на Фејсбук објави фотографија под која пак напиша:

Да е жив и здрав Тодор, да биде гордост на тато Дарко Костовски. Се роди уште еден македонски лав. Вечерва на мекици во чест на Тодор заедно со Александар Стојкоски, Бојан Стојаноски, Иван Јорданов и Јохан Тарчуловски “, стои во описот на сликата.

Да е жив и здрав Тодор!

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close