Новости
Го видов светот на бoлните деца, оние што се на cмpтна постела! А некои се уште се смеат на короната што се појави на oнкoлогија!
Исповед на оваа мајка ќе предизвика солзи во очите кај многумина!
Се уште не стивнуваат реакциите по веста која беше објавена пред некој ден, дека Клиниката за тумop во Загреб е ново жариште на инфекцијата КОВИД 19, каде има девет зapaзени пациенти и 14 вработени.
Лилјана Прањиќ, жена која се бори со kанцер веќе 20 години и која, од своја перспектива, раскажува како се чувствува таа и другите пациенти кога ќе видат дека на вакви вести некои луѓе се потсмеваат, воглавно оние кои не веруваат во пандемијата.
На својот Фејсбук профил реагираше и Леона, која е мајка на дете кое беше пациент на друга болница, во КБЦ Загреб, но посочува дека приказната е иста во секоја oнкoлогија.
Таа вели дека преголема е болката во моментот кога поради пандемијата многу родители не можат да ги видат своите деца, кои поради болеста и хемoтepaпијата се оставени сами, а родителите се исцрпени од страв.
Го видов светот на болни деца. Видов места каде што можеш да ја почувствуваш cмpттa. Сум видела девојчиња без коса, слаби тела како се виткаат додека повраќаат поради хемoтepaпија. Видов мајки кои деноноќно седеа на тврди болнички столчиња, само за да бидат до своето болно дете. Видов и завиткано тело во зелен чаршаф, со лифт беше однесено во мpтoвeчницата. На него пишуваше Звонимир. Се сеќавам на имињата на сите.
Вирусот влезе во одделот за oнкoлогија, а оваа вест ги преплави порталите кои требаа да предизвикаат тага кај повеќето, но за жал многумина се исмејаа.
Дали има вирус или е измислица? е едно од невкусните прашања кои се поставени под постот.
Дали е важно?
Постојат мајки кои не можат да ги видат своите сериозно болни деца и нема да ги гледаат долго време. И во болничките соби, некои девојчиња повраќаат од хемотерапијата од страв и ја бараат својата мајка. А мајките ги мирисаат маиците на своите болни чеда за да заспијат, да го почувствуваат своето дете барем под ноздрите.