Кафе муабет

Гоца Тржан искрено за втората бременост: Најголемо чудо би било на оваа возраст да останaм бремена!

Пробува да остане бремена...

Гоца Тржан важи за една од најискрените пејачки која не одбегнува да зборува на ниту една тема. Таа е во брак со четиринаесет години помладиот Радомир Новаковиќ а се земаа во 2015 година.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Таа со сегашниот избраник нема дете, но долги години се обидува да остане бремена. Со оглед на тоа што после неколку обиди со ин-витро не остана бремена,  таа отворено коментираше на оваа тема.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

-Би се поштедила на тие теми бидејќи ми здосади да зборувам за тоа, изјави таа, па додаде:

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Имам 48 години и тоа би било во доменот на чудата. Ако не се случи, имам свое дете кое треба да го пораснам и да го однесам на прав пат. Има толку многу јавни личности кои го прават истото и не сакаат да зборуваат за тоа, па таа штафета ја оставам на некој друг, изјави Гоца.

фото инстаграм/ гоца тржан

За кризата во бракот со четиринаесет години помладиот Радомир, таа рече:

фото инстаграм/ гоца тржан

– Немавме критични моменти, иако моравме да водиме сериозни разговори. Сепак, немаше кризи. Не бевме на работ на развод или целосно отуѓување. Можевме да препознаеме кога нешто не е во ред, дека не сме тоа што бевме и дека е време да разговараме за да се вратиме еден кон друг, беше искрена таа.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Разликата во години е и причина за секакви шпекулации, но Гоца и Раша успешно се спротивставуваат на искушенијата и повторно докажуваат дека нивната љубов е посилна од се. Успехот на ин витро оплодување им е примарна цел и не се откажуваат од големата борба.

фото инстаграм/ гоца тржан

Овој хармоничен пар не се одѕива на негативните коментари, а како што тврди пејачката разликата во години не може да им наштети на нивната врска:

фото инстаграм/ гоца тржан

– Не ми е гајле за другите луѓе и предрасудите. Луѓето кои ме познаваат мене и Раша знаат колку сме компактни и колку добро функционираме. Животот е премногу краток за да го живеам во страв од иднината… Сакам да го живеам мојот живот во потполност, бидејќи нема иднина, нема минато, постои само овој момент што го живееме сега – изјави Гоца во една прилика и додаде:

фото инстаграм/ гоца тржан

– Ги живеам најубавите години од мојот живот, дури и да мислев во тој момент кога се сретнавме јас и Раша и да речев: „Еден ден ќе ја видиш таа разлика“, немаше да ги имам овие најубави 11 години во мојот живот. Дефинитивно ќе ја видите разликата, не ни кријам… Се шегуваме со тоа. Во суштина, ние неизмерно се сакаме и почитуваме, нашата врска и брак не се засноваат само на физичка привлечност. Еден ден ако сака да биде со помлада и поубава жена, не можам и нема да го задржам, бесмислено е, бидејќи и јас на 60 ќе му бидам пиленце на некој 80 годишен чичко, рече Гоца.

фото инстаграм/ гоца тржан

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close