Кафе муабет

Еве кој се присуствуваше на гала роденденската прослава на Душко- како ли ќе реагира Јелена на ова(ФОТО)!

Душко го прослави роденденот со своите најблиски пријатели...

Фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ вчера, со друштвото го прослави својот 37 роденден, додека на гала прославата не присуствуваа членовите на семејството.

фото Инстаграм/Душко Тошиќ

Како и што се очекуваше, на прославата не се појави неговата сопруга Јелена Карлеуша, која на 7-ми јануари го пријави за семејно насилство, а на Душко му беше изречена забрана за приближување и контакт со пејачката во траење од 30 дена.

фото Инстаграм/Душко Тошиќ
фото Инстаграм/Душко Тошиќ
фото Инстаграм/Душко Тошиќ

Исто така, Карлеуша токму вчера отпатува за Дубаи каде има закажан концерт во петок навечер, а со себе ги понесе и нивните ќерки Атина и Ника. Фудбалскиот менаџер реши да го прослави роденденот со пријателите, во родниот Зрењанин, а цела вечер на својот Инстаграм објавуваше слики и снимки.
Покрај тортата во форма на фудбалска топка, она што на сите им падна во очи е тоа што на прославата на Тошиќ немаше женско лице или членови на семејството, туку гостуваа само пријателите и колегите, фудбалери на Душко.

фото Инстаграм/Душко Тошиќ

Момците одлично се забавуваа до доцна во ноќта, а Душко не ја симна насмевката од лицето.

фото Инстаграм/Душко Тошиќ

За потсетување,насилството кое се случи на Божиќ, кога Душко наводно и удрил шлаканица на сопругата Јелена, ја шокираше јавноста која будно го следеше секој чекор на познатата двојка. И сега сите чекаа дали Јелена ќе реагира по одреден период на молк и јавно ќе му го честита роденденот на сопругот. Но, имајќи го предвид наводниот инцидент и заладените односи меѓу пејачката и фудбалерот, кому му беше забрането да и се приближува на Јелена, нејзината честитка годинава изостана.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Како што тврдеше извор близок на парот, наводно Јелена сакала во Дубави да биде со нејзиниот сопруг, за да ги смират страстите но по се изгледа тој не се согласил. Наводно Јелена е спремна на се само за да го спаси бракот.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Можам да ви кажам дека страстите се смирија. Сè е повторно во ред. Полека се заборава напнатоста која постоеше претходните денови. Јелена се подготвува за настапот и сакала Душко да оди со неа. Засега не се знае дали Душко ќе патува со неа, но дефинитивно со децата ќе замине на одмор во Дубаи, традиционално во февруари. Оваа ситуација, која воопшто не била сјајна, многу ги вознемирила, но, колку што гледам, сфатиле дека од кавгата нема ништо и дека се може да се реши на мирен начин. И двајцата беа многу напнати, лути еден на друг, а наследничките успеаја да ги смират на вистински начин. Тоа ќе помине. Тие издржаа многу поголеми бродоломи. На сите им е жал за се што се случи и што надлежните мораа да интервенираат на најрадосниот христијански празник – вели пријателот на Јелена и Душко.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
фото инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото Инстаграм/Ника Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close