UncategorizedКафе муабет

Гоца Божиновска: Не гледам “Ѕвездите на Гранд” откако дојде Цеца- ми се допаѓаа ставовите на Карлеуша!

Пејачката нема време за гледање телевизија...

Пејачката Гоца Божиновска ужива во одгледувањето на своjoт внук Зоран.Таа сега во едно нтервју посочи дека е посветена баба и откако е роден малиот наследник таа буквално нема време за гледање телевизија.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

– Мојот внук е прекрасно бебе, буквално не се слуша, само се смее или спие. Спие цела ноќ, не се буди, па убаво е да се биде со него. Сега забите почнуваат да му растат, па имаме малку мака. Снаа ми и син ми ги будам сабајле, те сакаат да спијат, а бидејќи сум будна од седум и пол го хранам, го пресоблекувам, играм, а потоа Мирко и Бојана кога ќе станат го земаат горе. Некогаш кога им доаѓаат другарите и децата сакаат да се опуштат, да разговараат, јас го земам со мене. Или ако одат некаде, го оставаат кај мене. Имаме свои игри, се дружиме. Ние сме добро координирана екипа – изјави Гоца.

фото инстаграм/Гоца Божиновска
фото инстаграм/Гоца Божиновска

Иако за синот на Гоца, Мирко Шијан кружеа разни чаршиски моабети таа вели дека сега тој е многу променет и дека го интересира само семејството.

Фото Инстаграм/Мирко Шијан
фото инстаграм/ Гоца Божиновска

– Без разлика на се. Тој е многу посветен на своето семејство. Сега дали на некои им останал желба или тивко страдање, не знам, но вака е фокусиран на куќата, жената и детето. Па и кога бил млад, ако има една девојка, тој е само со неа. Не знам колку и да се вртат околу него. Но, тој беше таков, лав, пријател, господин, никогаш не беше стипса, имаше добри манири и лесно му беше да придобие девојка. Но, сето тоа е минато – изјави Гоца.

– Мирко е ноќна птица, но сега, толку е фокусиран на детето, и многу се грижи. Тој е сладок! Ова е најубавата љубов кога се случува така спонтано. Се е само по себе и се излегува одлично – додава Божиновска.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Мирко Шијан

Пејачката се пофали дека претходно добила огромен бакшиш, и дека во една прилика по три вечери заработила за стан.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

– Работев лудо. Мал број колеги работеа со тоа мое темпо, и имаа дури по два настапи дневно. Додека работев паметно, и штедев, па можам да се одморам кога сакам. На ромските свадби имало многу бакшиш, накит, што и да е, – рече Гоца за Свет и додаде:

фото инстаграм/ Гоца Божиновска

– Некои газди завршија во затвори, некои работните места ги оставија на своите деца, кои сега преферираат друга музика. Се сеќавам дека веселбата траеше три дена, се вратив во Белград и со тие пари купив стан. Гардероба и тие ситници не се бројат. Искрено, имаше многу пари. Машки се работеше и  машки се заработуваше. Мислам дека такво време никогаш нема да се врати.

фото инстаграм/Гоца Божиновска
Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

Пејачката потоа откри дека не гледала Ѕвездите на Гранд откако во жирито се приклучила нејзината колешка Цеца Ражнатовиќ.

Фото Инстаграм/Гоца Божиновска
Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

– Гледав, но од кога ми се роди внук, ништо не гледам. Мислам дека би била добро освежување таму. Имам исто размислување и став со Марија и Вики. Иако Карлеуша, додека беше таму, нејзините ставови ми беа многу добри. Го немам гледано од кога дојде Цеца, но вака сме доста слични, вистински жени сме, па верувам дека нема да има несогласување околу жирито, иако никогаш не се знае. Тоа е реалност на поинаков начин. Народот сака кавги – рекла Гоца.

фото инстаграм/ Гоца Божиновска
Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

Дека е многу посветена баба и свекрва покажува и тоа што Гоца во една прилика откри дека за да се одмори снаата таа секогаш го зема внукот кај себе.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

– Кај нас тоа е како дружење. Бојана не мора да ме моли, кога се спие наутро, само доаѓа и вели „Еве ти бабо…“, а јас едвај чекам. Сакам да го шетам околу Сурчин. Воопшто немам чувство дека моите деца пораснаа, но неговата насмевка вреди толку многу. Тој е толку посебен, не сум го слушнала тоа дете да плаче – додава таа.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

Гоца ги откри и плановите за иднина:

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

– Ќе биде се, чекам да помине Новата година. Ми се случија неубави работи, загуба на мајка ми, среќа, па бебето набрзо дојде и ни го подобри животот. Само да помине короната, да пеам и промовирам песни. Сега се чувствувам најдобро, убаво си ги носам годините – рече Божиновска.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close