Новости

ГОЛЕМА РАДОСТ ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЗНАТИОТ ФОЛКЕР: Пејачот стана дедо- го откри името и полот на бебето!

Голема прослава во домот на Џани

Познатиот српски пејач Радиша Трајковиќ кој во јавноста е познат како Џани вчера стана дедо.

Неговиот син Марко не можеше да ја сокрие својата среќа, и на социјалните мрежи се пофали со убавата вест дека доби внуче.

Милош и Нина го добија своето прво дете, на кое му го дадоа името Никола, што беше желба на Слаѓа, бидејќи така се вика и нејзиниот вонбрачен син кој живее во Америка.

Сопругата на Милош, Нина се породи вчера и на свет го донесе малиот Никола.

– Пресреќен сум, ова чувство не може да се опише. Сè помина добро, снаата и бебето се одлични. Ќе славиме како што доликува само сето ова да помине – изјави Џани за „Курир“, додавајќи дека името е желба на Слаѓа.

Пејачот наздрави со својот син, а тие подготвија мала прослава во семејната куќа.

FOTO: TAMARA TRAJKOVIĆ/ Glossy.rs

Најсреќни се дедото Џани и неговите синови, односно чичкото на Никола, Марко и гордиот татко Милош.

Милош и Нина се венчаа пред околу еден месец.

 

ФОТО: Стефан Стојановиќ

Тој и неговата избраничка Нина Јездимировиќ, го кажаа судбоносното Да, и направија свадба во кругот на семејството.

FOTO: TAMARA TRAJKOVIĆ/ Glossy.rs

 

Вниманието особено го привлече бремената Нина која на венчавката дојде со патики а наместо венчаница носеше син фустан со крзнено палто, додека Слаѓа, мајката на младоженецот и сопругата на Џани, блесна во тесен долг бел фустан.

 

FOTO: TAMARA TRAJKOVIĆ/ Glossy.rs
FOTO: TAMARA TRAJKOVIĆ/ Glossy.rs
FOTO: TAMARA TRAJKOVIĆ/ Glossy.rs

 

Венчавката како што рекла Слаѓа за медиумите, траела „кратко и слатко“, А Трајковиќ треба да се подготвува за следна прослава.

 

 

 

Помладиот син на Џани, Марко му посака среќа во брачниот живот, а потоа ја најави и својата свадба и тоа со црногорската убавица.

 

ФОТО: Стефан Стојановиќ

 

Церемонијата поминала скромно бидејќи владее пандемија со Ковид 19, фолкерот Џани неодамна објави дека ги испочитувале сите мерки за време на венчавката, но изјави дека кога сето ова ќе помине ќе направи прослава каква што доликува.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close