UncategorizedКафе муабет
Голема забава за педесетка: Еве каде и со кого Северина ќе го прослави претстојниот јубилеен роденден
Веќе организирала се...
Откако се појави на музичката сцена Северна е вистински бум. Речиси и д анема ден а да не предизвика некаква реакција или кај обожавателите или во медиумите.
Северина Вучковиќ на 21 април ќе наполни половина век, а како што и доликува на една од најголемите регионални музички ѕвезди, таа планира забава за спомен на тој голем датум.
Блиски луѓе на Северина за Азра.ба открија дека прославата ќе се одржи во популарниот загрепски клуб Минт, кој како и неговите гости веќе се подготвува за забавата.
Иако многумина очекуваа дека забавата ќе биде организирана во нејзиниот роден град Сплит, популарната пејачка, веќе резервирала загрепски клуб за прославата и ја поканила „половина“ естрада.
Познатата сплиќанка наводно испратила покана на речиси сите нејзини колеги а многу жени веќе со недели бараат што да облечат за прославата, која несомнено ќе биде вистински моден центар. Сигурно знаеме дека меѓу нејзините гости ќе бидат нејзините најблиски пријатели, како колешката Ведрана Васиќ со која го слави секој важен момент по разводот со Игор Којиќ.
Ако прославата на роденденот на Северина е воопшто слична на онаа за нејзиниот 39-ти, тоа ќе биде најлудата забава во Загреб таа недела.
Да потсетиме, пејачката го прослави својот роденден во 2011 година во загрепскиот ресторан Округљак, а со неа се радуваа околу двесте луѓе. Заедно со Северина, на микрофонот се менуваа и бројни музичари од Харис Џиновиќ до Чола и Петар Грашо, а меѓу гостите беа сликарот Димитрија Поповиќ, починатиот режисер Томаж Пандур, актерот Мислав Чавајда, пејачот Лука Нижетиќ, модниот експерт Ненад Коркут…
Сепак, пејачката тогаш беше во љубовна врска со српскиот претприемач Милан Поповиќ, татко на нејзиниот син Александар, а нејзиниот роденден на некој начин беше јавна прослава на нивната врска.
Многумина се сеќаваат како тие двајца, исто како и младенците, точно на полноќ заедно ја исекоа роденденската торта на Северина, но и дека пејачката облече бел фустан.
Што ќе облече на својот 50-ти роденден и дали ќе биде придружувана од маж кој и го освоил срцето, останува да видиме.
Како и да е сигурно е дека Северина подготвува изненадување за кое со денови ќе се зборува.