Кафе муабет

Во прегратка на саканиот, пејачот Васил Гарванлиев го прослави 38-миот роденден

Со мала, приватна забава, во кругот на најблиските...

Важи за еден од најконтроверзните пејачи кај нас. Пред две години не’ претставуваше со песна на Евросонг, а од неодамна се пофали и со веренички прстен, за веднаш потоа и со свадбена веселба – пејачот Васил Гарванлиев пред неколку дена го прослави 38-миот роденден.

Фото: Фејсбук/Васил Гарванлиев

Изминатиот период медиумите беа преплавени со информацијата за венчавката на Гарванлиев, за која и пејачот нескромно споделуваше фотографии со својот избраник во Америка.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Пејачот сподели фотографии на својот Инстаграм профил под кои напиша:

,,Двајца станаа едно. Љубовта победува. Среќен месец на гордоста. Останете верни на себе и следете ги соништата.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

За естрадниот магазин ,,Бекстејџ’’ изјави дека со неговиот избраник се препознале ,,на прва”, а го освоил со едноставноста и со анонимноста

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

,,Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот’’, напиша Гарванлиев во својата родендеска објава.

Пејачот моментално живее во Америка, со својот вереник.

На социјалните мрежи постојано споделува фотографии и вели дека е посреќен од кога било.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев
фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close