UncategorizedНовости

Во Германија воведена една од “најлудите мерки” за заштита од Ковид-19: Станете и продолжете со одење, не се задржувајте на едно место!

Многумина се против оваа мерка...

Политичкиот магазин Шпигел го започнува својот извештај на следниов начин: „Од звучникот на комбето на Службата за јавен ред одекнува машки глас велејќи: Нема задржувања! Оваа служба заедно со полицијата, следи дали се почитуваат новите правила донесени за заштита од вирусот корона. Со други зборови: ако седнете да јадете сладолед, ако едноставно застанете и уживате во погледот кон небото, ризикувате казна од 50 евра “, пишува Шпигел.

Marcel Kusch/dpa Picture-alliance Via Afp

Написот ја опишува состојбата од претходниот викенд и наведува дека бројни полицајци и вработени во Службата за јавен ред патролирале во „забранетата зона“ на градот. Овие мерки се важни за, како што Шпигел го цитира градоначалникот на Дизелдорф, Стефан Келер (ЦДУ), „да им помогне на луѓето да се придржуваат до потребните правила за заштита на коронавирусот“. Еден германски државјанин се обиде да ја спречи забраната со поднесување итна постапка. Но, во петокот попладне, Управниот суд брзо ја отфрли тужбата. Причината: здравјето на населението е поважно од приватните интереси на тужителот.

Додека илјадници луѓе, шетајќи или седејќи на отворено, уживајќи во сонцето, го преплавија шеталиштето на Рајна во Дизелдорф за време на изминатите сончеви викенди, градската администрација, со оглед на нејзината неспособност да ги почитува правилата за социјална далечина, одлучи да не им дозволува на граѓаните да се задржуваат на едно место, пишува Дојче веле.

Забраната ќе остане на сила до 14 март. Така изминатиот викенд сите оние пешаци покрај Рајна, кои ќе застанеа да пијат кафе, да јадат нешто или едноставно дошле на пикник на околните тревници, беа прозвани преку мегафон, да не остануваат на едно место.

Marcel Kusch/dpa Picture-alliance Via Afp

Бркотница во Хамбург

Шпигел исто така пишува дека другите германски градови испратиле бројни полицајци и вработени на нивните шеталишта за да го надгледуваат носењето маски на отворено. Така, полициски хеликоптер кружеше над Алстерпарк во Хамбург, со цел да спречи поголеми собири на луѓе.
Во тој град имаше голема потера во петокот. Еден млад човек ги прегрна своите пријатели додека минуваше полициска патрола. Кога полицајците се обиделе да го идентификуваат, младичот побегнал. Полицијата го бркала со полициски автомобил и – како што покажува едно видео снимено од мобилниот телефон на случаен минувач – за малку ќе го прегазеле.

Сепак најновите мерки во Дизелдорф не беа без ефект. Изминатиот викенд, и покрај прекрасниот сончев ден, на шеталиштето покрај Рајна имаше помалку луѓе од вообичаеното. Но, „се чини дека разбирањето за ваквите мерки драматично опаѓа“, пишува „Шпигел“, истакнувајќи дека се повеќе луѓе на социјалните мрежи ги исмеваат овие регулативи. Во написот се наведува дека само тврдоглавите луѓе треба да платат казна од 50 евра.

„Шпигел“ наведува и низа други апсурдни ситуации со кои се соочуваат луѓето кои излегле на чист воздух. Така, едно четиричлено семејство, кое седнало на клупа и отворило хартиена кеса со брза храна, веднаш било предупредено.

Marcel Kusch/dpa Picture-alliance Via Afp

„Јадењето без маска е добро, но само додека одите“, цитира Шпигел една полицајка.

Семејството станува, чека да замине патролата и потоа повторно седнува. Ваквата практика беше вообичаена минатата сабота во Дизелдорф.

„Шпигел“ наведува дека овие мерки, одат премногу далеку, особено се жалат сопствениците на ресторани. Еден гастроном, кој продава пиво за носење, верува дека проблемот може да се реши со воведување на т.н. „еднонасочни улици за пешаци“.

Петнаесет лица, кои носеа маски со натпис: „Ангела Меркел мора да си замине“, се собраа на протест. И, пред да започнат, демонстрациите беа запрени.

„Многу луѓе се само невнимателни“, вели една 61-годишна жена која отишла на прошетка со нејзиниот сопруг. И, за да биде збунетоста поголема, мегафонот на службениот автомобил што кружи околу Дизелдорф одекнува дека граѓаните мора да се придржуваат до мерките за заштита од „таканаречениот коронавирус“.

„Тоа е формулација што кај минувачите буди сомнеж дека и кај службениците за спроведување на законот за ред и мир постои сомневање за постоење на вирусот“, се вели во извештајот објавен од „Шпигел“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close