Новости

Цела Југославија ја обожаваше – Марија од „Жикина династија“ ја изгуби последната битка

Улога по која ќе ја памтиме Риалда Кадриќ

Кариерата ја започна со телевизискиот филм „Едно лето на бања“ во 1977 година, со споредната улога на Цана Јанковиќ.

Потоа истата година ја доби улогата и во филмот „Луди години“ кој првиот дел од култната франшиза „Жикина династија“.

Целиот регион тагува откако одекна веста дека згасна животот на актерката Риалда Кадриќ, ѕвезда од култниот филм „Жикина династија“.

Таа во овој филм глумеше од 1977 до 1986 година, а требаше и да го репризира својот лик Марија Павловиќ во претстојното остварување „Луда година – Враќањето на Жикината династија“, кој требаше премиерно да се прикаже во 2022. Но за жал таа ја изгуби својата последна битка.

Фото: Принтскрин/ Жикина династија

Првиот филм Луди години се снимаше во 1977 година

Тогаш беше создадена галерија со ликови која што го продолжи својот живот во уште десет филмски продолжувања кои беа обединети под популарното има Жикина династија најверојатно како пародија на американската. Благодарение на бројните репризи, и денес се присутни годините на созревање на матурантите, а подоцна и на сопружници, Марија и Боба, бројните авантури на живописните фамилии, како и растењето на нивниот син Мишо.

Иако се оствари во голем број впечатливи улоги Риалда Кадриќ Шебек заплови во потполно други води и последните децении од животот се занимава со психотерапија и психоанализа.

Фото: Принтскрин

Пред камера сум секој ден

„Не знам, сето ова ми е ново. Мене ме привлекоа луѓето што стојат зад филмот по она што досега го направиле и како интуитивно го чувствувам. Заинтересирана сум да видам каква групна динамика ќе се создаде. Ковид 19 го промени начинот на работата на психотерапевтите и аналитичарите, така што секојдневно сум пред камерата на својот компјутер, но јас не ја гледам, ниту пак мислам на неа“.

Фото: Принтскрин/ Жикина династија

„Јас сум со пациентот, и во просторот што се создава, камерата исчезнува“, изјави Риалда (57) пред само неколку месеци за блиц жена и тогаш додаде дека верува дека така ќе биде и со новиот филм.

Фото: Принтскрин/ Жикина династија

Но за жал таа не успеа да го види новото продолжение на Жикина династија чија премиера е закажана за 2022 година.

Фото: Принтскрин/ Жикина династија

Таа требаше со Бобо да се појави во новото продолжение по цели три децении, но тажната вест сега се’ промени.

Во новото продолжение нејзиниот филмски син Миша повторно ќе го толкува Никола Којо, кој сега во филмот е татко на две момчиња. Таа тогаш зборуваше и за тоа колку за неа претставува предизвик да глуми мајка која во стварноста е речиси само неполни пет години постара од својот син.

Фото: Принтскрин/ Жикина династија

„Никола не сум го видела од снимањето на последниот филм. Прашање е кој е тој денес, кој ќе биде кога ќе почне снимањето. Тој е одлучен актер и многу духовит човек. Кога го прочитав сценариото, јас во главниот лик што треба да го толкува Која видов еден белградски Големиот Лебовски. Тоа беше мојата фантазија за ликот и угодно ми е во неа. Филмот започнува да се снима на пролет и прашање е што ќе се случи до тогаш“, изјави таа тогаш за порталот „Жена Блиц“.

Фото: Принтскрин/ Жикина династија

Но за жал, актерката не успеа да го види новото продолжение.

Фото: Принтскрин/ Жикина династија

Нејзиниот живот згасна на 57 годишна возраст, во Атина, каде што ги помина последните години од животот.

Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија
Фото: Принтскрин/ Жикина династија

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close