Кафе муабет
Во вакво издание не сме ја виделе до сега: Тијана Дапчевиќ направи неверојатна промена- сите коментираат за новиот изглед на пејачката
Го менува стилот?
Македонската пејачка која со години живее на релација Србија-Македонија, Тијана Дапчевиќ не претрпе големи промени низ годините, и може да се каже дека остана верна на својот препознатлив стил што се должи на соодветна грижа.
Изгледот на Тијана Дапчевиќ, најпрво кратката бојадисана коса, а потоа и стилот на облекување ја издвојува поп ѕвездата од низа други изведувачи.
Многу познати пејачки се обидуваа да ја импресионираат публиката со длабоки деколтеа, кратки здолништа и високи потпетици, но за разлика од нив Тијана тоа го направи исклучиво со одлични вокални способности, хитови, харизма, убавина и класични комбинации на облека. Не се грижеше многу за модните трендови, повеќе се грижеше дали нејзиниот музички израз ќе го препознае пошироката јавност, што и се случи и таа стана една од омилените во регионот.
Тијана за јавни настапи сака да ангажира стилисти, но во последно време многу се фокусира на здравиот начин на живот.
Тијана Дапчевиќ иако е кон крајот на петтата деценија таа изгледа одлично и сето тоа благодарение на здравата храна, која придонесува за виталноста на нејзиното тело, што се гледа и на нејзиното лице. Исто така, убавата пејачка почна да тренира, а составен дел од нејзината рутина станаа негата на кожата и естетските третмани.
Тијана повеќе од било кога посветува внимание на себе. Таа се разубавува, поминува многу време на третмани, масажи, а неодамна се пофали дека ги надградила и бојадисала ноктите кои никогаш не и биле со волкава должина.
– Точно пет часа додека ги правевме, но вредеше секој час. Добро сторено, напиша Тијана на својот Инстаграм профил.