Кафе муабет

,,Велат дека не е среќен оној што е богат, туку оној што е среќен со она што го има’’ – ФОЛК ПЕЈАЧКАТА САНИ ВО ПРЕГРАТКА НА СОПРУГОТ ЈА ЧЕСТИТА НОВАТА ГОДИНА

Фолк пејачката Сани им ја честита Новата година на нејзините фанови...

Таа важи за една од нашите најпознати и најангажирани фолк пејачки.

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

Сани Гроздановска неодамна  повторно се сврши по само еден месец врска, а зад себе веќе има два брака.

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

Во интервју за Фокус пејачката ги открива деталите за оваа голема животна промена.

,,-Имаше доста пишувања и шпекулации периодов, вистината е дека се омажив во Швајцарија. Мојот избраник Никола Урдаревиќ е по потекло од Македонија, сега ја средуваме потребната документација и заедно со ќерките заминуваме кај него. Децата ми се многу среќни, го прифатија Никола’’- вели Сани, за која ова е трет брак.

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

,,Јас сум од оние луѓе, кои и покрај се, веруваат во љубов. Нема да дозволам поради лошото минато, да не ми блеска иднината! Кога е мојата професија во прашање, од Никола имам огромна поддршка. Но, решив да направам мала пауза од настапи кога ќе пристигнам во Швајцарија. Потребен ми е одмор од се, а потоа продолжувам со засилено темпо” – вели таа за Фокус.

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

Никола има три деца на возраст од шест, 16 и 18 години. Сега сите заедно ќе живееме, значи заедно ќе се грижиме за пет деца. Тоа воопшто не не плаши, напротив, се радуваме, бидејќи и двајцата многу сакаме деца, сакаме полна куќа – раскажува Сани.

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

Сани е присутна на естрадата долги години.

Доста млада стапи во брак, доби ќерка, се разведе, потоа се омажи по вторпат па доби уште една ќерка.

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

Неодамна, пејачката на Фејсбук објави фотографија со саканиот – нејзиниот нов избраник Никола.

На фотографијата парот наздравува со чаша бело вино и од истата може да се заклучи дека можеби конечно пејачката е навистина среќна.

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

Сани е доста активна на социјалните медиуми, па истите таа ги искористи да им честита Нова година на своите фанови.

Во описот на заедничката фотографија со  нејзиниот сакан пејачката напиша:

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

,, Велат дека не е среќен оној што е богат, туку оној што е среќен со она што го има. Посакувам оваа година да имате сè што ви треба за среќа. Имајте блескав и убав почеток на новата 2023 година, а уште поблескав и поубав крај на истата! Среќни празници!!!!

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

Таа сподели дека се чувствува среќно, а тоа може да се види и од нејзината насмевка.

Сани и Николоа дефинитивно ги уживаат Новогодишните магични денови.

Фото:Фејсбук/Сани Гроздановска

Неодамна,тие позираа гушнати, покрај камин и наздравија за зимската романтика и предновогодишна еуфорија!

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close