Кафе муабет

Важат за најубавиот пар во регионот: Ги спакуваа куферите и заминаа- ова што го направи Иван ги шокираше сите!

Иван и Јелена уживаат во Златибор...

Популарниот актер Иван Босиљчиќ и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ решија малку повеќе да уживаат во зимската магија, па времето го поминуваат на Златибор.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Златибор е родното место на Иван, па актерот често ужива во шармот на оваа планина со семејството и во друштво на пријателите.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Познатиот пар претходните денови најави дека ужива во Златибор, а најголемо внимание привлече фотографијата на Иван на која се мие со снег.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Мојот дедо не научи да се миеме со снег во зима, напиша актерот покрај фотографијата.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Сопругата на Иван, позната пејачка, покажа како ужива на снегот и откри дека на 38 години почнала да учи да скија.

фото Инстаграм/Јелена Томашевиќ

– Никогаш не е доцна за нови авантури. Научив да скијам на 38 години (т.е. почнав да учам). Мислам дека го најдов мојот омилен спорт, напиша Јелена.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Инаку Иван и Јелена се во брак 10 години и важат за најхармоничниот пар во регионот. Тие ја имаат ќерката Нина која многумина велат дека е копија на мама.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Иван во една прилика зборуваше за воспитувањето на ќерката Нина:

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

– Мојата намера да бидам строг со ќерка ми исчезна. Јелена и јас и даваме на нашата Нина неизмерна љубов. Животот ќе ја научи на останатото и таа ќе биде немилосрдно строга. И таа ќе издржи се само ако ја научиме на љубов – рече Иван за „Hello“.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Јелена и Иван прославија десетгодишнина од брак, а актерот нагласува дека не постои рецепт за совршена врска.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

– Секој брак е универзум за себе, не се осмелувам да давам совети на таа тема, единственото нешто за што можам да зборувам е начинот на кој ние живееме и начинот на живот од кој не се откажувам. На прашањето дали е романтичар, Иван вели:

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

– Таму каде што има чувства, има романси. Не мора секогаш да е слатко, 8 март. Секој што слуша, чувствува и замислува е романтичен. Мислам дека нема врска со возраста, ниту со времето каде живееме.

Фото Инстаграм/Јелена Томашевиќ
Фото Инстаграм/Јелена Томашевиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close