Кафе муабет
Бoлнa исповед на Даниела Мартиновиќ што ќе ви го скрши срцето: „Му се обраќам на своето неродено дете”
Мајчинството ми е прилично тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна...
Пејачката Данијела Мартиновиќ повеќе од 20 години беше во врска со колегата Петар Грашo, кој сега ја сака 15 години помладата Хана Хуљиќ.
Пејачката имала голема желба да се реализира како мајка, а неодамна за јавноста си ја отвори душата и со својата интимна исповед на тема борба за потомство, шокираше многу жени.
Исповедта на Данијела Мартиновиќ е искрена, а пејачката која покрај тоа што пее и пишува, еднаш објасни како се справува со тоа што не се исполнила во улогата на мајка, и како инспирацијата за создавање ја наоѓа во најтешките моменти.
-Мајчинството ми е прилично тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш такви наслови за моето неостварено мајчинство ми изгледаат толку вулгарно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека засекогаш ќе останеш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да и кажам се од прво лице еднина – изјавила Данијела за Јутарњи пред неколку години, пренесува „Story.hr“.
Пејачката тогаш без тронка двоумење изјави и дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но сепак верува дека ако тоа не се случи, може да ја најде среќа без дете.
-Детето е моја голема желба, никогаш не сум го криела тоа, но поради некоја причина се уште не се случило. Не се откажав од тоа да сум мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна и ако тоа никогаш не се случи, изјави тогаш поранешната партнерка на Петра Грашо.
Грашо ја најде среќата со 15 години помладата Хана!
Пејачот Петар Грашо (45) пред неколку месеци раскина врска со пејачката Даниела Мартиновиќ и тоа по 24 години љубов.
Веста за разделбата на овој пар многумина ги изнаенади, и покрај тоа што тие често изјавувале дека нема да се венчаат бидејќи таа помисла им создава клаустрофобија.
Сепак, Грашо по овој љубовен пораз, како што пренсуваат хрватските медиуми, продолжил понатаму– и тоа како!
Новата љубов на Петар е Хана Хулиќ, 31 годишната ќерка на славниот музичар Тони Хулиќ.
Хана и Петар повеќе не ја кријат љубовта, па неодамна и се фотографирани заедно на една прошетка низ Сараево.
Хана е бремена?!
Но неодамна се појави информација во медиумите, дека наводно Петар чека дете со Хана, но тоа тој го демантираше.
– Прв пат слушам за тоа како и за многу информации кои се пишуаат овие денови, но ова не е вистина, рекол Петар.
Хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ се огласи по веста дека неговата ќерка запловила во врска со 14-години повозрасниот Петар Грашо.
-Разбирлив ми е интересот на медиумите и јавноста за врската помеѓу Петар и Хана, но јас никогаш до сега јавно не сум се огласувал на теми поврзани со приватниот живот на моето семејство и на луѓето со кои работам.
Сличен став имаат и Петар и Хана кога станува збор за нивниот приватен живот, а покрај тоа Петар е и наш голем пријател. Ако се тие среќни, а гледам дека се, тогаш сме среќни и јас и мојата сопруга, рекол Тони за медиумите.
Инаку, Петар и Хана во 2016 година го снимија дуетот „Срце без водач“, за кој музиката ја напиша Тончи, а текстот е на нејзината мајка.