MAMA

Британски милионер прави план како да му го зададе на Владимир Путин најголемиот финансиски удар

Секој долар е важен во оваа војна

Магнатот на Фонс4ју, Џон Каудвел, вети дека ќе го исклучи греењето оваа зима за да му го зададе најголемиот удар на Владимир Путин.

70 годишниот бизнисмен, милионер инсистира дека оваа зима ќе загрева само една соба во својот дом и покрај тоа што има повеќе од доволно средства за да може да ја надмине кризата со трошоците за живот.

ФОТО: Принтскрин/Џон Каудвел

Тој изјави:

-Знам дека сме во криза за гориво и сите сме загрижени, но сите треба да користиме помалку енергија и јас ќе го практикувам она кое го зборувам. Ќе загреам само една соба во куќата каде што живееме , додека останатиот дел од куќата ќе остане ладна.

ФОТО: Принтскрин/Џон Каудвел

-Војната на Путин е финансирана од индустријата за гориво и се што можам да направам за да му скратам неколку долари, ќе го направам-додаде тој.

Потсетувајќи се на своето детство и неговото потекло од семејство од работничка класа, во местото Сток он Трент, тој продолжува:

ФОТО: Принтскрин/Владимир Путин

-Дома се облекувавме во топли алишта. Не велам дека треба да се вратиме на тоа време, но сепак има многу нешта кои можеме да ги направиме.

Каудвел вели дека потрошувачите можат да направат се за да го погодат рускиот режим и да помогнат да се спречи колежот кој се врши над украинските цивили.

ФОТО: Принтскрин/Џон Каудвел со неговата партнерка

Тој својот бизнис за мобилни телефони на големо го основал во 1987 година, продавајќи телефони пред се на трговци и работејќи со загуба во првите две години. Но, постепено бизнисот добил на интензитет како Кадвел груп, во која се вклучил и мрежниот провајдер Синглпоинт.

По руската инвазија на Украина, Каудвел и неговата партнерка 38 годишната Модеста Вжесниаускаите, поканиле една украинка и нејзиниот син да живеат на нивниот имот на територијата Еклшал.

ФОТО: Принтскрин/Џон Каудвел со партнерката

Г-дин Каудвел, кој ја критикувал реакцијата на владата на Велика Британија, во однос на војната како срамна реакција, на своите гости од Украина им обезбедил престој и храна се додека им се потребни.

-Замислете се себе во таква ситуација, без дом и во константен страв дека во секој момент некој може да ве убие на улица-вели тој-пишува Дејли Меил.

ФОТО: Принтскрин/Џон Каудвел

Сопругот на жената која престојува во неговиот дом останал во Украина за да се бори против Руските освојувачи.

-Почнаа да создаваат свој живот тука. Но првите месеци беа многу тешки и емотивни. Мајката на детето пролеа многу солзи, некогаш поради стравот кој ја обземаше заради сопругот за кој не знаеше дали е жив, некогаш од благодарност кон нас и нашето гостопримство-раскажува Каудвел.

ФОТО: Принтскрин

Предупредувањата и војната која се случува ги поттикна енергетските гиганти да воведат нови шеми на наплата за своите корисници, со што ќе се избегнуваат одредени делови од денот кога би се користеле на пример машините за перење или полнење на батериите на електричните автомобили.

Треба да сме спремни на првите планирани прекини со снабдување електрична енергија во последниве децении, бидејќи електраните не можат да набават доволно гас за да функционираат нормално.

ФОТО: Принтскрин/Џон Каудвел

Системските оператори предупредиле дека недостигот на гас, кој генерирал 40 проценти од електричната енергија во Велика Британија минатата година, може да значи планирани три часовни прекини во некои области за да се заштитат залихите за греење на домовите и зградите.

Со менување на начинот на живот и навиките секој еден може да придонесе во оваа ситуација.

ФОТО: Принтскрин/компанијата на британскиот милионер за мобилни телефони

Не е прв пат енергетските гиганти да предупредуваат за вакви големи прекини со снабдување електрична енергија, но овој притисок се повеќе се зголемува со притисокот на Владимир Путин врз Европа и снабдувањето на Европа со гас, по почетокот на војната со Украина.

ФОТО: Принтскрин/лого на компанијата на британскиот милионер за мобилни телефони

ФОТО: Принтскрин/компанијата на британскиот милионер за мобилни телефони                                                                                                                                                                                                                           

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close