Кафе муабет
Бремената Бојана Баровиќ за прв пат го покажа стомакот: Најнежната и најубава фотографија која ќе ја видите денес
Бојана е на почетокот на бременоста...
Пред неполни две недели се дозна дека Бојана Баровиќ е бремена по трет пат, а освен што поранешната манекенка ја потврди убавата вест, не сакаше многу да зборува пред медиумите на оваа тема.
Деновиве Бојана и нејзиниот сопруг, пејачот Никола Роквиќ уживаат во летниот одмор и прават пауза од професионалните обврски, а иако засега по принципот да не слушне злото, Бојана молчи за бременоста, таа сепак ја сподели првата трудничка фотографија со нејзините следбеници на „Инстаграм“.
На сликата бремената Бојана Баровиќ лежи на дрвена лежалка покрај базенот со прекрасен поглед, а бидејќи на нејзиното лице има блага насмевка и сјај во очите, веруваме дека зад камерата стои нејзиниот љубен.
Заклучокот на оние кои го следеа потегот на Бојана е дека манекенката нетрпеливо го чека доаѓањето на третиот член од семејството, во кое секако и се придружува и Никола.
Од моментот кога дознал дека ќе стане татко по трет пат, музичарот е многу грижлив кон сопругата, и удоволува во се, се труди да се грижи за нејзиното домот и децата Леона и Симеон, кои ги подготвува да сфатат дека наскоро ќе треба да ја делат собата со друг брат или сестра.
Никола Роквиќ, освен што ќе стане татко, тој ќе стане и чичко по втор пат а со радост ја прими радосната вест и нетрпеливо чека да го слушне плачот на новороденчето кое ќе донесе нова радост во нивните домови.
По синот Деспот, Марко и Сара ќе добијат девојче, а се уште не се знае каков пол ќе биде третото дете на Никола и Бојана.
Марко и Сара не можеа да ја сокријат среќата откако дознаа дека Деспот ќе добие сестра, па со јавноста споделија видео од радосниот момент, а Сара откри дека големата желба им се исполнила:
– Кога беше Деспот во утробата сакавме момче со црни очи и тоа дојде кај нас, сега посакавме девојче и розовата боја се рашири по небото и во нашите срца. Покрај првата најважна вест дека бременоста е во ред и дека се е во ред со бебињата, ова се неколку убави споредни работи кои сакавме да ги споделиме со вас бидејќи со години сме тука со вас – напиша Сара во описот на видеото каде е овековечен моментот кога семејството ја дознава добрата вест.