Новости

БРАЧНА КРИЗА ВО НАЈАВА: Се земаа пред две години а сега се разведуваат- пукна тиквата меѓу Сузана и Симеон?

Сузана и Симеон се разделени неколку месеци поради коронавирусот

Пред две години познатата водителка Сузана Мачиќ која важи за една од најубавите на Балканот, се омажи за својот долгогодишен партнер од Грција, банкарот Симеон Оцомокос.

Но во медиумите веќе се шушка дека бракот на водителката е пред распад, нешто за што таа се уште нема потврдено.

Наводно Манчиќ која веќе долги години живее на релација Атина-Белград, долго време не го видела својот сопруг поради ситуацијата со коронавирусот иако како што наведува извор близок на двојката, тој постојано ја молел да се видат, но таа постојано го одбивала.

 

 

– Сузана е навикната да живее на релација Белград-Атина, но бидејќи ситуацијата со короната повторно се влоши и границите се затвораат, таа одлучи да не ризикува и да остане во Белград со своите ќерки. Двајцата беа разделени четири месеци и Сузана не патуваше во Атина се до јули, но одтогаш се немаат видено. Сега тој ја моли секој ден да се врати кај него бидејќи тој не може сам, но таа не се осмелува да тргне преку границата – открил извор близок до Сузана за магазинот „Стар“.

Сузана се плаши од моменталната ситуација и поради тоа реши да остане во Белград.

 

 

– Кога ја виде ситуацијата тука и кога дозна дека многу нејзини пријатели се заразени, реши да остане дома. Таа го одби Симеон веќејќи му дека е подобро да остане во Белград, бидејќи таа сè уште може слободно да се движи тука, а во Грција сè е затворено и е воведен полициски час и таа не би можела да прави речиси ништо. Тој молеше да не го остава сам во станот, но сега кога ситуацијата е ваква, таа сепак го одби.

Инаку Сузана и Симеон се венчаа во црквата на островот Пилион каде грчкиот банкар има куќа, а својата љубов ја крунисаа опкружени со најблиските од семејството.

 

 

Нејзините ќерки, Теодора и Наталија Куниќ за свеченоста избраа грациозни тоалети, а Сузана носеше преубава венчаница долга до самиот под.

 

 

Таа со изборот на фустанот и деталите воодушеви многумина, но и нејзините ќерки Теодора и Наталија Куниќ добија бројни комплименти на социјалните мрежи поради своите симпатични модни изданија.

 

 

Ќерките на познатата лото девојка изгледаа елегантно и свечено, и двете блескајќи во своите преубави тоалети.

Сузана важи за жена која никогаш не криела дека живее на висока нога, таа не ретко знаеше да предизвика бура од реакции со своите коментари колку пари троши месечно.

 

 

Токму тоа и се случи со нејзиниот последен коментар со кој призна колку чини најскапото парче во нејзиниот плакар.

 

 

Имено, таа во едно нејзино интервју за српскиот Телеграф, призна дека најскапото парче го подарила на нејзината ќерка. Во прашање е фустан Армани за кој платила две-три илјади евра. „Тоа навистина е страшно! Иако е купен по пола цена, тоа повторно е многу страшно“, призна Сузана во интервјуто со нејзината препознатлива насмевка на лицето.

Зошто стави крај на првиот брак

 

Сузана Манчиќ зад себе веќе има еден брак со поранешниот сопруг Небојша Куниќ, член на познатиот бенд во поранешна Југославија, „Седморица младих“.

Познатата водителка е една од ретките јавни личности кои до детаљ ги раскажуваат пикантериите од својот приватен живот. Токму затоа нејзе не и беше тешко да зборува за сето она што го има доживеано со првиот сопруг.

Имено, Сузана во тоа време доживеала партнерот да и зборува работи какви ниту една друга припадничка на понежниот пол не би трпела. Токму затоа и разводот од сопругот од кого има две ќерки бил неминовен.

Сузана неколку пати има јавно кажано дека таа била онаа која го запросила својот сопруг, но и побарала развод од него. Водителката веќе била во четириесеттите години од животот кога одлучила да се разведе, а чашата ја прелило кога поранешниот сопруг ја навредил дека повеќе не е ни млада ни убава.

 

Сузана и Небојша кој беше член на бендот познат во поранешна југославија „Седморица младих“ во брак беа осум години и од тој брак ги добија ќерките Теодора и Наталија.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close