Новости

БАЛКАНОТ ЗАВИЕН ВО ЦРНО: Замина уште една легенда- за неа беше напишана една од најубавите балади на Бијело Дугме!

Селма беше инспирација за една од најубавите балади...

Вчера Балканот го потресе веста за см тта на познатата Селма Бориќ, по која беше напишана и истоимената песна од Бијело дугме.

Таа замина на 92-годишна возраст а тажната вест ја објави популарниот пејач Жељко Бебек.

„Патувајте Селма … почивајте во Божјиот мир“, напиша Бебек на својата Фејсбук страница.

Да потсетиме, на 90-тиот роденден на Селма, Бебек се појави и и приреди изненадување на Селма по повод  нејзиниот роденден.

Овој легендарен пејач беше дел од популарниот бенд Бијело дугме од 1974 до 1984 година – период што критичарите го нарекуваат најдобар за групата.

 

Да потсетиме, Бебек се појави во емисијата ХРТ во која гостуваше Селма и ја изненади со доаѓањето, а потоа и ја отпеа песната „Селма“ која воедно е посветена на неа.

Текстописецот Владо Дијак и напишал песна на Селма Бориќ уште во 1949 година, и ја посветил нејзе, што подоцна ја отпеа групата Бијело дугме.

Селма Бориќ, беше жена инспирација за Владо Дијак која и ден денес важи за една од најубавите рок балади.

 

Жељко Бебек со најубави емоции ја отпеа прекрасната песна „Селма“, а песната стана голем хит во поранешна Југославија.

Во последните години од нејзиниот живот, Селма се жалеше на осаменост, па Жељко Бебек ја запозна и често ја посетуваше.

Љубовна приказна пренесена во песна за Селма

За време на гостувањето во една емисија, Селма откри дека во 1949 година се запознала со Владо Дијак, кој се вљубил во неа. Во тоа време имала само 19 години. Селма е родена во Зеница, но средното училиште го посетуваше во Сараево.

 

 

Таа често патувала дома за време на викендите, а во една прилика го запознала Владо во возот. Тој се понуди да и го земе куферот и ја придружуваше до возот. Селма седеше покрај скршениот прозорец, а Владо рече: „Селма, не потпирај се низ прозорецот!“

Никогаш не и изјавил љубов, тие раскинале дури и без бакнеж.

 

 

По оваа средба беше напишана позната песна. Дури во 1962 година нејзиниот татко и испратил весник во кој е објавена песната и никој од нејзините колеги не верувал дека таа е посветена на неа.

Селма за прв пат ја слушна песната изведена од „Бијело дугме“ во 1975 година во концертната сала „Ватрослав Лисински“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close