Кафе муабет

Браво Коста, јас сум на твојата страна – порака од една ТИКТОКЕРКА што го шокираше целиот Балкан

Ците беа згрозени од коментарите на оваа девојка

Невидена трагедија ја погоди Србија кога тринаесетгодишниот К.К уби девет лица – осум деца и еден чувар, додека шест негови врсници и учителка беа ранети во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај.

И додека пред училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар се уште масовно дојдоа граѓани од цела Србија за да изразат сочувство за невините жртви на монструозниот чин на момчето-убиец (13), скршените родители уште долго време нема да можат да се соземат од болката, истовремено обидувајќи се да ја откријат причината за бруталното злосторство.

Фото: Тикток, принтскрин

И додека целиот регион тагува и е во шок од она што се случи, на социјалните мрежи се појавија и видеа во кои се величи момчето убиец.

Имено, една тиктокерка која на оваа социјална мрежа е регистрирана како „Вукпабло“ ја вознемири јавноста со шокантно видео што го објави, а во кое го поддржува и величи масовниот убиец.

„Не можам повеќе да го слушам ова, Коста горе, Коста долу, Србија, мобинг, изживување.. и сега на крајот вие од овие клошари, што загинаа, правите жртви, да не ви биде срам. Родителите му се криви, какво воспитување е ова, какво воспитување е кога го маваат со камења и го понижуваат… добро направи, не требаше сите да ги пука, требаше сите да ги исече, да ги стави на коса па да ги стави на фрижидер, тоа требаше да го направи, проклети луѓе расипани, само нешто да се зборува, тие самите се криви, зошто го исмеваат и фрлаат во вода и не знам што“ зборува оваа девојка згрозувајќи ја јавноста.

Фото: Тикток, принтскрин

„Браво Коста, јас сум на твоја страна, тој ќе излезе некогаш, тие фала му на Бога никогаш, но тој кога ќе излезе ќе го почитуваат и ќе се плашат, така треба да во овој свет. Мрш, проклети клошарчини од цела поранешна Југославија и целиот свет. И сега уште една кокошка вели – И над мене се изживуваа, јас не убив, па не си затоа што си п**** затоа што молчиш“, ги шокираше сите оваа тиктокерка со својата морбидна порака на социјалните мрежи.

Извор: Блиц.рс

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close