Новости
БИЛ ШОКИРАН: Сопругот дознал дека таа го изневерува на породување, кога видел дека синот е од друга раса!
Марк не ни помислувал дека Ана го изневерува
Марк е татко на три ќерки кој потајно во себе силно посакувал да има син, но бидејќи со својата сопруга Ана се договориле дека ќе имаат само три деца, тој вели дека биле многу претпазливи.
Но еден ден се случи чудо!, Ана му соопштила на Марк дека по четврти пат ќе станат родители, а тој бил пресреќен поради фактот дека по три ќерки сега конечно ќе добие син.
Тој на „Редит“ ја откри неговата приказна за тоа како сопругата го изневерила, а тоа го дознал веднаш штом го здогледал синот.
Имено Марк бил заедно со Ана во породилиштето и со нетрпение чекал да го земе својот син во прегратка, но штом видел дека тој е од друга раса веднаш знаел дека не е негово дете.
– Штом се роди детето, беше многу јасно дека јас не сум татко. Детето беше црно – напиша Марк на „Редит“.
– Бев апсолутно шокиран. Не само што открив дека детето што толку го очекувам не е мое, туку открив и дека сопругата ме изневерува – додаде тој.
Марк никогаш не помислил дека такво нешто може да се случи затоа што нивниот брак функционирал многу добро.
Како што вели тие биле неверојатно блиски, тие се сметале себеси за најдобри пријатели кои споделувале слични вредности, интереси и хоби.
Значи, кога Ана остана неочекувано бремена на почетокот на оваа година, Марк не се посомнева ниту за секунда дека нешто чудно се случува.
– Кога дознавме дека ќе имаме уште едно дете, беше изненадување затоа што со сопругата решивме да имаме само три деца, иако јас секогаш сакав повеќе. Бевме многу внимателни поради тоа, но јас бев воодушевен кога ја слушнав оваа вест – објасни Марк.
Марк откри дека бил скршен кога открил дека не само што не е биолошки татко, туку и дека неговата сакана сопруга го изневерила.
Ана запознала маж во еден клуб каде се напила повеќе и имала незаштитен однос. Тие размениле телефонски броеви, за да се видат повторно, но тогаш Ана откри дека е бремена, а мажот и го блокираше бројот.
– Таа се обиде да ме смири и ми рече дека тој не и значи ништо, и дека сака заедно да го воспитуваме нашиот син. Но, не можев повеќе да останам со неа – откри Марк.
Дури и родителите на Ана, кои според Марк очигледно се расисти, му понудија на Марк да му платат адвокат за да добие старателство над децата.
Тие исто така му рекоа дека парите што ги чуваа за Ана сега ќе им ги дадат на нивните ќерки доколку тој прифати.
– Дури ја замолија Ана да го даде момчето на посвојување,но таа го одби. Неколку пати и се заканувале дека ако не го стори тоа, ќе треба да се откажат од неа, што на крајот го сторија, бидејќи таа одби да го остави својот син – рече Марк.
Марк додаде дека не знае дали да ја прифати понудата на нејзините родители бидејќи со тие пари нивните ќерки ќе имаат голема корист, пишува The Sun.