Новости
Беше и остана икона на убавината: Еве како Снежана Савиќ изгледаше на своите почетоци!
Таа важеше за една од најубавите дами на стара Југославија
Снежана Савиќ освојува со својата убавина и харизма дури и денес во седмата деценија, а нејзината кариера ја одбележаа улогите во сериите на Синиша Павиќ: Бољи живот, Срећни људи и Породично благо.
Денес Снежана Савиќ е една од најистакнатите актерки, а малкумина знаат и за нејзиниот убав глас и способноста за пеење, за кое многу сè уште се зборува.
Иако никогаш не била професионална пејачка, Снежана пее како вистински професионалец.
На почетокот на нејзината кариера, Снежана ја освојуваше публиката со својот изглед.
Doček 1977: Snežana Savić, aktuelna Koštana i Petrija / Novogodišnji fotosi mlade glumice čije vreme tek dolazi https://t.co/R5X42gZbVe pic.twitter.com/2THd8HGiaF
— Yugopapir (@Yugopapir) December 31, 2016
Во 1977 година, таа беше фотграфирана за насловна страна на еден магазин, а во описот за неа беше напишано: „Млада актерка чие време допрва доаѓа“ и имаа право, Снежана стана актерска легенда на Балканот.
Фотографирана во црн фустан со отворено деколте, Снежана веднаш предизвика позитивни коментари.
И денес иако Снежна Савиќ, има 66 години се уште важи за една од најубавите жени на Балканот.
Таа неодамна откри дека е во врска со маж кој не се занимава со јавна професија и со кој е во нежна и стабилна врска.
Брак со режисерот Драгослав Лазиќ
Актерката Снежана Савиќ беше во брак со режисерот и сценарист Драгослав Лазиќ, со кого ја има ќерката Анита.
Парот не беше долго во брак, и нивната љубовна приказна заврши неколку години по нивниот заеднички живот.
Драгослав потоа се ожени повторно, со 30-годишната помлада актерка, Драгана Туркаљ со која има и близнаци.
Наспроти него, актерката пак не сакала да се премажи по втор пат, и од разводот па до сега, таа не претставила ниту едно момче во јавноста.
Снежана Савиќ важи за една од најубавите дами од поранешните југословенски простори, која во осумдесеттите никого на остави рамнодушен играјќи ја улогата на Нина, во филмот „Што е со тебе, Нина“, а во некои сцени е гола и изгледа неверојатно секси.
Филмот „Што е со тебе, Нина“ беше прикажан во Jугославија во 1984 година и беше голем хит во тоа време.
Во филмот познатата актерка Снежана Савиќ го покажа сиот раскош и убавина на женското тело.
Еве како изгледа денес актерката која беше најпосакувана на Балканот…