Новости

МАСКАТА ЈА НОСИТЕ ПОВЕЌЕ ПАТИ- Така имате поголем ризик отколку да не носите маска!

Маките за еднократна употреба треба да ги фрлите по употреба

Носењето маска стана задолжително во целиот свет поради справувањето со пандемијата од коронавирус.

Имено многу од луѓето носат хируршки трослојни маски, кои би требало да се за една употреба, но нажалост некои ги носат и повеќе пати.

Последното истражување научниците од Универзитетот Лоуел во Масачусетс и Универзитетот во Калифорнија Баптист покажа што точно се случува ако се користи заштитна маска за еднократна употреба повеќе од еднаш и колку е навистина лоша.

Имено, тие тврдат дека резултатите од нивното истражување покажале дека повторното користење на заштитна маска за еднократна употреба е полошо отколку да не се носи маска.

Според „Дејли меил“, истражувачите користеле трослојни хируршки маски, најчестиот вид маски за еднократна употреба кои после носење треба да се фрлаат.

Кога се користат правилно, односно еднаш, тие можат да филтрираат дури три четвртини од честичките што обично се наоѓаат во воздухот и кои главно се одговорни за инфекцијата.

Меѓутоа, ако овие маски се користат повеќе од еднаш, тие можат да филтрираат само една четвртина од капките. Ова се случува затоа што маските се деформираат секогаш кога ќе се носат, велат експертите.

„Повеќето луѓе сметаат дека било каква маска е подобра отколку да се нема, но тоа не е точно“, рече коавторот на студијата, д-р Џиншанг Ши, професор на Универзитетот Лоуел.

Тој рече дека маската за еднократна употреба, доколку се користи повеќе од еднаш, може да филтрира честички поголеми од пет микрометри, но не помалку од тоа.

Ова истражување е објавено во медицинското списание Physics of Fluids, а научниците се занимаваа и со прашањето за движењето на аеросолот. Научниците следеле точно каде паѓаат аеросолите врз маската и како и дали воопшто влегуваат во носот и белите дробови преку неа.

Научниците откриле дека кога луѓето имаат маски на лицето, тоа го менува начинот на движење на воздухот околу лицето, така што воздухот не влегува директно во носот или устата, туку поминува низ површината на целата маска со мала брзина.

Кога маските за еднократна употреба се нови, тие филтрираат околу 65 проценти од честичките. Меѓутоа, ако се носат повторно, тие можат да филтрираат само 25 проценти.

Затоа, заклучокот на научниците е дека хируршките маски за еднократна употреба нудат многу добра заштита – но само доколку се користат правилно, односно еднаш.

Што се случува со срцето кога носите маска?

 

Пред извесно време докторката Меган Хал направила ексеримент со заштитните маски. Таа носела четири различни маски по 5 минути, за да види како тоа влијае врз нејзиниот ритам на срцето и нивото на кислород.

 

Вели дека за да го направи овој експеримент била поттикната од многуте соопштенија што секојдневно ги читала од различни луѓе дека маската ги гуши и затоа одбиваат да ја носат.

Докторката резултатите ги сподели на својот фејсбук-профил по што многумина беа изненадени.

 

„Прочитав неколку тврдења дека луѓето не можат да дишат под маска или дека нема да ја носат затоа што нивото на кислород во крвта наводно паѓа кога ќе ја носат. Меѓу другото, прочитав дека маските не штитат од вируси и дека вдишуваме јаглерод диоксид. Не сум сигурна како некои дојдоа до овој заклучок и теорија дека вирусот ја пробива маската, но дека јаглерод диоксидот „заглавил под маската“. Во тоа име, решив да направам експеримент, пишува Хал.

 

Оваа докторка направила четири експерименти ја носела секоја маска пет минути и го проверувала нивото на кислород и пулсот.

Таа напоменува дека пред тестот носела хируршка маска пет часа.

Резултати:

Без маска: 98 отсто, отчукувања на срцето 64
Хируршка маска: 98 отсто, отчукувања на срцето 68
Н95 маска: 99 отсто, отчукувања на срцето 69
Н95 плус хируршка маска ( здравствените работници најчесто вака ги носат маските): 99 отсто, отчукувања на срцето 69.

 

Заклучокот е дека нема голема промена во заситеноста на кислородот. Можеби е непријатно да се носи, но може да дишете.

Таа ги советуваше граѓаните да ја носат заштитната маска во име на оние пациенти за кои вели дека се помали две години и се заразени.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close