Кафе муабет

“Бев сиромашен, немав ни за млеко”: Ова е сопругата на Дино Мерлин која остана со него и во најтешкиот период- нивната љубов била забранета но на крај успеале заедно!

Дино Мерлин се присети на неговата младост...

Тој и неговата сопруга Амела се долги години во брак, а за неа знае да каже дека е ннегова најголема поддршка.

Фото Story.rs

Иако многу не сака да го става својот приватен живот на “тацна’, и важи за човек кој ретко кога говори за семејството, љубовта и децата, но пред извесно време пејачот Дино Мерлин реши јавно да ја сподели љубовната приказна со својата сопруга и шокираше многумина.

Дино искрено проговори и кажа дека всушност родителите на неговата сопруга биле против нивната љубовна врска, бидејќи тој бил сиромашно момче, а таа студирала архитектура, и речиси ништо не и недостасувало. Сепак Дино потенцираше дека по пет години врска, тие решиле тајно да се венчаат и дека на крајот љубовта победува.

Фото Story.rs

– Со сопругата Амела сум од седумнаесетта година и сè уште ми е убаво со неа. Немаме проблем или скандал. Сепак, не сме во брак толку многу години, бидејќи се забавувавме скоро пет години – Мерлин се навраќа низ спомените и открива дека искрите меѓу нив започнале веднаш штом им се сретнале очите. 

foto facebook

“Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. После пет години тајно се венчавме. Тоа беше романтична венчавка, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела, која беше кума. Говорот на матичарот беше предолг за мене, јас постојано гледав на вратата за некој да не наиде и да ни ја расипе среќата “.

– Се сакаме, сакаме слични работи, размислуваме поинаку за важни прашања, и на половина пат, на средина, наоѓаме одговори за нас, не се преправаме и живееме нормален живот. Бидејќи работам работа што секој живот го прави ненормален, среќен сум што таа сè уште е со мене и дека сме сè уште вљубени. По венчавката, отидовме на меден месец во Дубровник, и кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме влијанието на секојдневниот живот. Имав голема одговорност за моето семејство и напорна работа, а родителите на Амела беа толку лути што половина година не сакаа ни да слушнат за неа. Но, еве, времето лечи сè, па денес родителите на Амела ме сакаат повеќе отколку што заслужувам.

Фото Story.rs

Тој вели дека никогаш нема да го заборави моментот кога се вратил дома со празни раце и гладен по неговата прва турнеја низ Југославија.

-Мојата сопруга стоеше пред вратата и ме чекаше со бебето. Наида можеби имаше половина година, а сопругата Амела штотуку завршуваше архитектура. Таа тивко ме праша: “Дали ни донесе нешто? Немам ни за млеко. Јас немав ниту еден денар. Ништо не донесов, затоа што не заработив ништо. Имаше големи трошоци. Би дал сè, да можев да одговорам таа вечер:” Да, донесов 100 марки “.

Горд на своите деца!

Пејачот многу ретко зборува за своите деца и нивните успеси, но во една пригода истакна дека неговата ќерка не е заинтересирана за материјални работи, односно дека е приземна и вредна девојка, а Хамза иако не е пред камерите, тој е во тимот на луѓе кој учествува во сите проекти кои се поврзани со неговиот татко.

– Материјалното не ја интересира Наида, за разлика од нејзиниот помал брат. Кога Хамза се роди, немавме никакви егзистенцијални проблеми и се навикна на тоа јас и Амела да му овозможуваме се што ќе посака. Кога ќе го прашам што му треба, не чека да ја завршам реченицата, туку има листа со порачки, за разлика од неговата сестра која се роди кога ја почнував кариерата и во детството доживеа се – од немаштија до метафорички речено, „кавијар и шампањско“.Навикната е на скромен живот, па и нејзиниот одговор на моето прашање – што да ти донесам од Париз или Њујорк секогаш беше: „Ти благодарам тато, имам се, само побрзо врати се дома“, раскажа Дино во едно интервју.

За него како што вели најважно е неговото семејство а особено е горд на тоа што неговите деца сами си го одбрале својот пат во животот.

– Многу сум горд на моите деца кои сами го избраа патот и тргнаа на училиште. Знам што се важни и кои се неважни работи во животот. Отсекогаш сум се обидувал да им се допаднам на многумина но не на сите. Јас секогаш се трудам да бидам солидарен со луѓето, секако бидејчи сум доста популарна личност сакам и да придонесам. Ако можам некому да помогнам на кој било начин – тука сум – рече Дино Мерлин.

Наида се занимава со информатички науки и гради интернационална кариера, а може да е пофали со завршени постдипломски студии на Оксфорд во Велика Британија.

 

Синот, Хамза Дервишхалиловиќ има 28 години, се школувал во Берлин, а студирал Менаџмент и политички науки во Истанбул.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close