Новости

АЦО ПЕЈОВИЌ СЕ РАСПЛАКА ПРЕД КАМЕРИТЕ: “Им реков на децата, може ќе останеме без мама”- прозборе за болеста на неговата сопруга!

Пејачот открива детали за болеста на неговата сопруга

Познатиот српски пејач Ацо Пејовиќ за прв пат пред јавноста реши да открие како се чувствувал во моментот кога дознал дека неговата сопруга Билјана со која долги години е во брак на крајот на февруари беше тешко болна, но успеа да ја победи болеста.

Имено пејачот со солзи во очите во гостувањето во  „Преживеани“ на телевизијата К1 прозборе за најтешкиот момент во животот

– Ми рекоа дека од илјада, само еден преживува кога ќе пукне аневризма. Лекарот кој ја однел на операција ги повика моите деца да ја видат затоа што тоа може да биде последен пат – со растреперен глас со солзи во очите рече Пејовиќ.

Пејачот рече дека тогаш почувствувал потреба да биде насамо со своите три ќерки и да помине повеќе време со нив.

 

– Некако почувствував потреба да бидам сам со децата. Седев со нив, ги гушкав и им реков: „Можеби ќе останеме без мама, но …“ – рече пејачот и во тој момент почна да плаче пред камерите.

Пејачот Ацо Пејовиќ е во брак многу години со својата сопруга Билјана, со која има три ќерки – Магдалена, Марија и Ива.

 

 

Пејовиќ во една прилика истакна дека го слават денот кога Билјана успеа да ја победи тешката болест, и дека тој ден го сметаат за нејзин втор роденден, па секогаш на денот одат во црква да му се заблагодарат на Бог, што таа останала жива.

Ситуацијата на Билјана беше критична, а Ацо тогаш беше во неизвесност. Тој стори сè за да и обезбеди на Билјана најдобра грижа. Семејството беше очајно, но, за среќа, сè заврши како што треба.
Затоа Ацо и Билјана од тогаш го прославуваат денот кога таа ја надмина тешката болест.

 

– Не и подарив ништо. Најголемиот подарок за сите нас е што таа е успеа да се избори и да остане со нас. Сега и даваме бескрајна љубов, бидејќи  јас и моето семејство не сме материјалисти – рече тогаш пејачот.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K1 (@k1televizija)

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close