Новости

Џабе ги користиме, ако не го правиме ова – доктор ни открива како да ги чуваме маските

Миењето алишта во машина за перење или рачно во топла вода е совршено добро

Како вирусот корона го парализираше светот оваа година, така и заштитните маски станаа составен дел од нашите животи.

И бидејќи без оваа превентивна мерка со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19 не го напуштаме напиот дом, заштитните маски станаа вистински моден детал. Многу луѓе се одлучуваат за платнени маски затоа што имаат многу подллга употреба

Но, дали некогаш сте се запрашале како правилно да ги чувате дома?

Треба да ги чувате на чисто и суво место

“Тоа може да биде во специјална комода, проѕирен сад или кесе. Чувајте ги што подалеку од другите предмети што често ги допирате и од потенцијално неизмиени раце”, изјави за ХафПост д-р Питер Чин-Хонг, инфектолог и професор по медицина на калифорнискиот универзитет во Сан Франциско. Тој додаде:

“На пример, нема да ги чувам во комода со долна облека или кујнски крпи. Не е потребно да се обезбеди апсолутна стерилност, важно е само да не го допирате често со рацете местото каде што ги чувате маските”.

Без оглед каде ќе се решите да ги чувате, внимавајте да не ги мешате чистите маски со нечисти.

Бидете внимателни да не ги мешате со туѓи маски

“Фокусирани сме на Ковид-19, но има уште 300 други вируси кои предизвикуваат настинка и слични проблеми. Ако секој член на домаќинството има чиста маска, тоа го намалува ризикот од пренесување на вирусот”, рече Чин-Хонг.

„Алтернативно, можете да ги чувате на едно место, но тогаш само еден член на домаќинството треба да биде одговорен за дистрибуција, со задолжително миење на рацете пред да ракувате со маските“, рече Чин-Хонг.

Аманда Кастел, професор по епидемиологија на Универзитетот Џорџ Вашингтон, се согласува дека чувањето на сите заштитни маски на едно место е во ред. Сепак, таа не препорачува споделување маски со другите членови на домаќинството.

Носете ја маската во кесе кога ќе излезете од дома

Во никој случај не треба да ја ставате заштитната маска директно во торба, џеб или ранец, бидејќи може да се навлажни или да дојде во контакт со контаминирани предмети. Наместо тоа, со чисти раце, ставете ја маската во чисто кесе и потоа ставете ја во чантата.

Кога ќе ја извлечете маската за да ја ставите секогаш држете ја за врвките.

„Избегнувајте да ја допирате внатрешноста на маската што го допира вашето лице“, вели Чин-Хонг.

Треба често да ги миете

Некои експерти велат дека можете да носите маска за ткаенина неколку пати во текот на денот, сè додека не стане влажна или валкана.Други пак веруваат дека треба да се измие веднаш по носењето.

Миењето во машина за перење или рачно со топла вода е сосем во ред.

Треба да се сушат на директна сончева светлина или на висока топлина.

„Ако платнена маска ја миете рачно, тогаш не заборавајте да ја натопите во течноста за белење пет минути, а потоа исплакнете ја со вода“, рече тој.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close