Кафе муабет
Ќерката на Жељко Јоксимовиќ го промени личниот опис- погледнете како сега изгледа Мина, нема да ја препознаете
Убавината ја наследи од родителите...
Мина како и секоја млада девојка исклучително е активна на Инстаграм и веќе собра завидна бројка на следбеници кои секојдневно имаат можност да ѕирнат во деталите од нејзиниот приватен живот.
Јавноста добро ја познава Мина Јоксимовиќ, ќерката на миленикот на женската публика Жељко Јоксимовиќ.
Имено пејачот ја доби Мина од првиот брак а е особено горд на неа и за тоа зборуваат и бројните заеднички фотографии.
Мина тргна по стапките на својот татко и веќе ги постигна некои од првите успеси во својата музичка кариера. Покрај талентот за пеење, Мина може да се пофали и со атрактивен изглед.
Мина е исклучително активна на Инстаграм и веќе собра завидна бројка на следбеници кои секојдневно имаат можност да ѕирнат во деталите од нејзиниот приватен живот.
Многумина коментираат дека таа е копија на својата мајка Весна, но не може да се каже дека не повлекла гени и од тато Жељко.
Некои од покоментираните теми се токму нејзиниот моден стил, негата на лицето и телото, косата и шминката, како и нејзините корекции кои е очигледно дека ги има.
Таа со најновата фотографија особено го привлече вниманието на следбениците.
На фотографијата може да се забележи убавото негувано лице на Мина а таа откри и како и каде се грижи за себе.
Она што може да кажеме е дека доста добро се грижи за својот изглед.
Многумина забележаа и дека Мина во последните неколку години многу работеше на својот физички изглед, а очигледно тоа го прави и денес, не оставајќи ништо на случајноста.
Имено, кога ќе се спореди изгледот на Мина Јоксимовиќ од нејзините помлади денови со денешниот, разликата е очигледна.
Покрај промените кои се неизбежни во адолесцентниот период, се чини дека ќерката на Јоксимовиќ имала и неколку естетски корекции на кои денес не можат да одолеат припадничките на понежниот пол.